Блокирањето на Суецкиот канал од страна на бродот Ever Given од 23 до 29 март не влијае само на египетската економија или глобалната индустрија за испорака. Околу 12% од глобалната трговија поминува низ каналот, така што блокадата има значително влијание. Доцнењето силно ќе влијае на онлајн нарачките направени од европските потрошувачи.
На 23 март, Ever Given, брод долг 400 метри управуван од шпедитерската компанија Evergreen, бил на пат од Кина кон Ротердам во Холандија, кога се заглавил во Суецкиот канал откако бил исфрлен од својата патека од силни ветрови.
‘Ова ќе ги чини трговците милијарди евра’
Ова создаде блокада во бродскиот транспорт кој ќе ги чини трговците милијарди евра и ќе го одложи пристигнувањето на многу производи нарачани онлајн од Кина за неколку недели. Бродот повторно запловел, но влијанието на блокадата сепак ќе се почувствува во наредните месеци, предупредува ParcelHero. „Затворањето на каналот ги зголеми трошоците за испорака, создаде доцнења на пристаништата и загуби многу расипливи предмети“
Дејвид Џинкс, раководител на Consumer Research во ParcelHero, вели дека околу 8,2 милијарди евра стока биле во застој секој ден. Доцнењето ќе ја чини глобалната трговија над 5 милијарди евра. „Тоа особено ќе влијае на нарачките за е-трговија од Амазон и други веб-страници за е-трговија“, вели тој.
Доцнењето ќе ја чини глобалната трговија над 5 милијарди евра
На глобалната трговија не влијаат само 18.300 контејнери со произвооди што ги носел Ever Given. Вкупно 367 други бродови чекале да поминат низ каналот.. Суецкиот канал е многу важна рута за испорака, бидејќи околу 12% од глобалната трговија минува низ овој канал секој ден.
Пратки од е-трговија биле заглавени на повеќе вакви бродови
Многу од ваквите бродови што доцнеле, вклучително и самиот Ever Given, носат пратки од е-трговија од интернет-пазари како што се Amazon, eBay и AliExpress. „На пример, британската компанија за шпедиција Seaport Freight Services има 20 контејнери со стока заглавена на бродот, вклучувајќи и нарачки од Амазон. Слично на тоа, Seabay International Freight Forwarding, кој работи со кинеска стока што се продава на платформи како што е Amazon преку dropshipping, исто така, има 20 до 30 контејнери на бродовите кои чекаат да го транзитираат каналот. И производите за компании како што е Ikea исто така биле фатени во блокадата “.
Извор: Ecommerce News
Post a comment