Со додавање опција за подолги видеа, TikTok директно да го предизвикува вториот по големина пребарувач: YouTube.
TikTok почнува да ја воведува можноста за корисниците да поставуваат видеа кои имаат должина до 10 минути, потврди компанијата за TechCrunch. Официјалното лансирање доаѓа додека TikTok ја тестираше промената во изминатите неколку месеци. Претходно, видеата на TikTok имаа можност да бидат долги максимум до 3 минути по промената во јули 2021 година. Пред тоа, ограничувањето беше 60 секунди по првичното проширување од 15 секунди.
„Секогаш размислуваме за нови начини да и донесеме вредност на нашата заедница и да го збогатиме искуството на TikTok. Минатата година воведовме подолги видеа, давајќи и на нашата заедница повеќе време да создава и да се забавува на TikTok“, вели претставник од TikTok vo izjavata. TikTok во изјавата. „Денес, возбудени сме што ќе започнеме да ја шириме можноста за прикачување видеа до 10 минути, што се надеваме дека ќе ослободи уште повеќе креативни можности за нашите креатори ширум светот“.
Проширената должина на видеото ќе им даде на креаторите повеќе време и флексибилност кога снимаат работи како рецепти за готвење, упатства за убавина, едукативни содржини и друго. Пред новата должина на видеото, креаторите се обидуваа да ги надминат временските ограничувања на TikTok охрабрувајќи ги гледачите да ги следат со цел да видат кога ќе излезе втор дел од видеото или повеќе од нивниот серијал видеа. Иако ова понекогаш функционира, може да биде фрустрирачко за корисниците да мора постојано да проверуваат дали другиот дел од видеото кое сакаат да го гледаат е излезено.
Ова соопштение го прави TikTok уште поголем конкурент на YouTube, кој имал приходи од 28,8 милијарди долари од реклами во 2021 година. Сепак, YouTube е доволно загрозен поради растот на TikTok за да лансира свој ривал за видео во кратки форми директно во сопствената апликација, YouTube sHORTS. Сепак, хостирањето на кратки видеа не е единствената предност на TikTok, бидејќи е познат по комбинацијата на функции, вклучувајќи ја библиотеката со специјални ефекти, алатките за AR и музичкиот каталог. Други популарни карактеристики вклучуваат stitches и дуети, кои им овозможуваат на креаторите да соработуваат со содржината на другите корисници.