Новости од е-трговија

Social Commerce: TikTok ја претставува опцијата за in-app shopping

TikTok, најупотребуваната социјална мрежа од страна на Gen Z е последната технолошка компанија што воведува опција за купување директно од апликацијата што ќе им овозможи на корисниците да купуваат производи директно од трговци. Ова е потег што може да и помогне на платформата да ги искористи предностите на напливот на е-трговија.

  • КЛУЧНИ ПОЕНТИ:

– TikTok склучи партнерство со Shopify (платформа за е-трговија од Канада) со цел да им дозволи на трговци да додадат “shopping tab” на нивните TikTok профили и да креираат “мини излог” каде што купувачите ќе можат да ги купуваат нивните производи како дел од пилот-тестирање.

– Корисниците исто ќе можат да означуваат производи во своите TikTok објави и да споделуваат линк кој директно води до онаму каде што може да се купи производот, слично на опцијата која ја нуди Instagram

– Со цел да можат да ја искористат новата опција за купување, корисниците кои се дел од пилот-тестирањето мораат да бидат трговци на Shopify со TikTok Business профил

– Засега, опциите за купување се достапни само на корисниците во САД и Велика Британија

– TikTok е познат по водечките трендови во малопродажбата – продажбата на Cerave производите, фета сирење и инстант кафе се зголемија благодарение на TikTok трендовите

Избран број канадски трговци ќе учествуваат во пилот-тестирањето за шопинг опцијата во рок од неколку недели, а TikTok вели дека компанијата планира да ги прошири можностите во повеќе земји во текот на следните неколку месеци.

Една од првите корисници што ќе ја искористи новата функција ќе биде могулот за шминка Kylie Jenner, која го претставува својот бренд вреден неколку милиони долари – Kylie Cosmetics пред нејзините речиси 35 милиони TikTok следбеници. „Јас го изградив мојот бизнис на социјалните медиуми“, вели таа во својата изјава. „Тоа е местото каде што моите обожаватели најпрво одат со цел да дознаат кои се новитетите од Kylie Cosmetics“.

„Креаторите го отвораат патот за нов вид претприемништво каде содржината, заедницата и трговијата се клучни“, рече Харли Финкелштајн, претседател на Shopify. “Овозможувајќи нови искуства за купување во самата апликација и откривање на производи на TikTok за прв пат, Shopify ја поддржува економијата на креаторите на една од најбрзорастечките социјални и забавни платформи во светот. Ние сме возбудени да им помогнеме н следната генерација претприемачи да се поврзат се со својата публика на повеќе начини – и со TikTok како визионерски партнер “.

36,6 милијарди долари. Тоа е колку приходи ќе има е-трговијата до крајот на 2021 година само во САД, според проценката на истражувачката фирма еМаркетер. Тоа е скок од речиси 40% во споредба со претходната година. Според извештајот, голем дел од растот бил поттикнат од ковид-19, кога физичките продавници беа затворени, а клиентите се свртеа кон купување онлајн, заедно со трошење повеќе време на социјалните медиуми, според извештајот.

TikTok е најновата платформа која се нурнува во социјалната трговија; Instagram за првпат започна опциите за купување директно преку апликацијата во 2018 година и продолжи да посветува повеќе време за надоградување и оптимизација на е-трговијата на апликацијата. Snapchat, Twitter и Pinterest, исто така, инвестирале во нивните опции за купување со цел да привлечат приходи од неодамнешниот бум на е-трговија.

Извори: Forbes & Shopify