Секој стартап има своја уникатна приказна. Сепак, постојат потешкотии низ кои поминуваат сите основачи и претприемачи, а една од најзнајните е стремежот за усогласување на производот со потребите на пазарот. Тоа е многу сериозна тема за која нашироко се зборува и од страна на претприемачите, и инвеститорите. Но, вистината е дека не постои универзална стратегија и многу малку вистински го разбираат овој сложен концепт.
Со таа цел, нашите соработници од Eleven втора година по ред ја лансираат својата иницијатива Eleven Alpha – програма со која финансираат технолошки компании во рана фаза со 300 илјади евра за 10% капитал.
Дополнително, тие работат индивидуално со секоја компанија од програмата за да креираат персонализиран, детален акциски план кој ги опфаќа тековните потреби на бизнисот и им помага да стигнат до производ кој му одговара на пазарот.
За минатогодинешната едиција од оваа програма можете да прочитате повеќе на овој линк.
Рокот за пријавување истекува на 07.03, па затоа ве охрабруваме да прочитате повеќе и да се пријавите на овој линк: https://www.11.vc/alpha/.