Пристигна првата фаза од метаверзумот! 🚀
Штотуку пристигнa новата адиција на Instagram – Instagram Avatars! Во видео објавено од страна на шефот на Instagram, Адам Мосери, тој за аватарите вели дека се клучен дел во иднината на личниот идентитет во метаверзумот.
„Аватарите се клучни во формирањето на иднината на личниот идентитет во метаверзумот“.
Во превод, ова значи дека без разлика дали сме спремни или не, метаверзумот доаѓа, а овие забавни мали дигитални „личности“ се само првиот дел од сложувалката.
The What: Што се Instagram Avatars?
Аватарите на Инстаграм се приспособливи 3D личности. Тие можат да ги отсликаат вашите физички особини или да рефлектираат како сакате да бидете перцепирани онлајн.
Покрај тоа, тие се поинклузивни од очекуваното. На својот аватар можете да приспособите речиси сè – облека, фризури, линии на лицето и пошироко; нешто како понапредна верзија од играта Симс 🙂
За разлика од други апликации за аватари, Instagram ја прескокна опцијата за дефинирање на пол. Наместо тоа, едноставно постојат опции за прилагодување на изгледот на аватарот кои „изразуваат“ пол. Аватарите можат да имаат и свои „дигитални добра“ – аватарот може да има ранец, чанта или џебови чиј простор за складирање е неограничен.
Тука NFTs тивко стапуваат во акција👋
Во моментов, доколку направите свој аватар, истиот можете да го користите на вашите stories или при праќање пораки на Instagram; но, иднината на овие аватари ветува многу повеќе.
Според Мосери, аватарите ќе бидат виртуелниот идентитет што ќе го користите за да се појавите низ метаверзумот – без разлика дали тоа ќе биде во апликација направена од Meta или друга компанија.
The How: Како да го креираш својот аватар?
За да го креираш својот аватар следи ги овие чекори:
- Отвори го менито во горниот десен агол на твојот Instagram профил
- Отвори ја опцијата „Settings“
- Отвори ја опцијата „Account“
- Кликни на „Avatars“
Она што засега е достапно во нашата земја е креирањето на аватарот, додека она што допрва треба да пристигне е неговата употреба:
The What x2: Што значат аватарите за иднината на метауниверзумот?
За повеќето луѓе, алтернативната дигитална реалност со незаменливи токени (NFT’s) припаѓаат исклучиво во sci-fi филмовите. Но, шефовите на матичната компанија на Instagram, Meta, не го делат истото мислење.
Тие се впуштаат аll in во метаверзумот – оттаму произлегува и нивното ребрендирање од Facebook во Meta минатата година. А аватарите на Instagram се првиот чекор кој се презема за метаверзумот да стане реалност (малку контрадикторно, но вистинито 🙂 )
Како што вели Мосери, „Во иднина, мислиме дека интернетот ќе еволуира во поимпресивно искуство – нешто што го нарекуваме метаверзум“. „И ако сакате да бидете дел од овој виртуелен свет, мора да најдете начин да се појавите со ваш визуелен идентитет.“
Кој е заклучокот од сето ова? Интернетот и начинот на кој го користиме истиот ќе се промени – а аватарите на Instagram се само почеток.