The what, when, where и how за non-fungible tokens (NFT)

Што е NFT?

NFT е дигитално средство што претставува предмети од реалниот свет како уметност, музика и видеа. Овие non-tangible tokens се купуваат и продаваат онлајн, често со криптовалути, и тие обично се кодирани со истиот основен софтвер како и самите криптовалути.

Иако постојат од 2014 година, NFTs сега се здобиваат со озлогласеност бидејќи тие стануваат попопуларен начин за купување и продавање дигитални уметнички дела. Од ноември 2017 година се потрошени неверојатни 174 милиони долари за NFT.

NFT, исто така, генерално се единствени, или барем еден од многу ограничени количини, и имаат единствени идентификациони кодови. „Во суштина, NFT создаваат дигитален недостаток“, вели Ари Ју, претседател на Washington Technology Industry Association Cascadia Blockchain Council и управен директор на Yellow Umbrella Ventures.

Ова е огромен контраст со повеќето дигитални креации, кои се скоро секогаш бесконечни во понудата. Хипотетички, прекинувањето на бесконечноста на понудата треба да ја зголеми вредноста на даденото средство, под претпоставка дека е во побарувачка.

Но, многу NFT, барем во раните денови, биле дигитални креации што веќе постојат во некоја форма на друго место, како легендарни видео клипови од NBA игри или секуритизирани верзии на дигитална уметност што веќе можат да се најдат наоколу на Instagram.

На пример, познатиот дигитален уметник Мајк Винклман, попознат како „Beeple“ изработил композиција од 5.000 дневни цртежи за да го создаде можеби најпознатиот NFT во моментот, „EVERYDAYS: The First 5000 Days“, кој се продаде на аукција за рекордни 69,3 милиони долари.

Индивидуалните слики од кои што е направен колажот – или дури и целиот колаж може во кое било време да се погледне бесплатно онлајн. Па, зошто луѓето се подготвени да потрошат милиони за нешто што лесно би можеле му направат скриншот или да го преземат?

Бидејќи NFT му овозможува на купувачот да ја поседува оригиналната ставка. И не само тоа, таа содржи вградена автентикација, која служи како доказ за сопственост. Колекционерите ги ценат тие „digital bragging rights“ речиси повеќе од самиот предмет.

Како се разликува NFT од крипто валута?

NFT е кратенка од non-fungible token или незаменлив токен.  Генерално е изградено со користење на ист вид програмирање како криптовалути, како Bitcoin или Ethereum, но сличноста завршува тука.

Физичките пари и криптовалутите се „заменливи“, што значи дека може да се разменуваат едни за други. Тие исто така се еднакви по вредност – еден долар секогаш вреди друг долар; еден Bitcoin е секогаш еднаков на друг Bitcoin. Заменливоста на криптовалутите ги прави доверливи средства за спроведување трансакции на blockchain.

NFT се различни. Секој од нив има дигитален потпис што го прави невозможно NFT да се разменуваат или да бидат еднакви едни на други (оттука, не се заменливи). На пример, едно NBA Top Shot видео не е еднакво на претходно споменатиот EVERYDAYS колаж од слики едноставно затоа што и двете се NFT. (Едно NBA Top Shot видео дури не е еднакво со друго NBA Top Shot видео)

Како работи NFT?

NFT постојат на blockchain, кој е дистрибуирана “јавна книга” што евидентира трансакции. Веројатно blockchain ви е највеќе познато како основен процес што ги прави возможни крипто -валутите.

Поточно, NFT обично се одржуваат на Ethereum blockchain, иако ги поддржуваат и другите blockchains.

NFT се создава или „кова“ од дигитални објекти што претставуваат и материјални и нематеријални предмети, вклучувајќи:

  • уметност
  • GIF
  • Видеа и спортски highlights
  • Колекционерски предмети
  • Виртуелни аватари и “skins” за видео игри
  • Дизајнерски патики
  • Музика

Дури се бројат и твитови. Коосновачот на Твитер, Џек Дорси го продаде својот прв твит како NFT за повеќе од 2,9 милиони долари.

Во суштина, NFT се како физички колекционерски предмети, само дигитални. Така, наместо да се закачи вистинска уметничка слика на ѕид, купувачот добива дигитална датотека.

Тие исто така добиваат ексклузивни сопственички права. NFTs можат да имаат само еден сопственик одеднаш. Уникатните податоци на NFT овозможуваат лесно да се потврди нивната сопственост и да се пренесат токени помеѓу сопствениците. Сопственикот или творецот можат да складираат конкретни информации во нив. На пример, уметниците можат да ги потпишат своите уметнички дела со вклучување на нивниот потпис во метаподатоците на NFT.

За што се користат NFT?

Blockchain технологијата и NFT им овозможуваат на уметниците и креаторите на содржини единствена можност да ги монетизираат своите производи. На пример, уметниците повеќе не мора да се потпираат на галерии или аукциски куќи за да ја продадат својата уметност. Наместо тоа, уметникот може да го продаде директно на потрошувачот како NFT, што исто така им овозможува да задржат поголем дел од профитот.

Покрај тоа, уметниците можат да вклучат и royalties (зачувување на авторски права додека некој друг го продава предметот), така што ќе добијат процент од продажбата секогаш кога нивното уметничко дело ќе биде продадено на нов сопственик. Ова е атрактивна карактеристика бидејќи уметниците обично не добиваат идни приходи откако нивното уметничко дело ќе се продаде.

Уметноста не е единствениот начин да заработите пари со NFT. Брендови како Charmin и Taco Bell понудија на аукција тематска уметност со NFT за да соберат средства за добротворни цели. Charmin, компанија за продажба на хартиени салфетки и други производи од хартија, ја нарече својата понуда „NFTP“ (non-fungible toilet paper), а понудата на Taco Bell, NFT, беше распродадена за неколку минути, при што највисоката понуда беше 1,5 wrapped ether (WETH) – еднаква на 3.723,83 американски долари во тој момент.

Nyan Cat, GIF кој датира од 2011 година, се продаде за речиси 600.000 долари во февруари. NBA Top Shot видео генерираше повеќе од 500 милиони долари продажба до крајот на март. Едно видео со highlights oд ЛеБрон Џејмс достигна цена од над 200.000 долари.

Дури и познати личности како Снуп Дог и Линдзи Лохан се дел од NFT, објавувајќи уникатни спомени, уметнички дела и моменти како секуритизирани NFT.

Како да купите NFTs

Ако сте заинтересирани да започнете своја сопствена NFT колекција, ќе треба да стекнете некои клучни ставки:

Прво, ќе треба да добиете дигитален паричник што ви овозможува да складирате NFT и крипто -валути. Најверојатно ќе треба да купите некоја криптовалута, како Ether, во зависност од тоа какви валути прифаќа вашиот NFT-провајдер. Сега можете да купите крипто-валути користејќи платежни картички на платформите како Coinbase, Kraken, eToro, па дури и PayPal и Robinhood. Потоа ќе можете да го преместите во вашиот паричник по избор.

Ќе сакате да ги имате предвид надоместоците додека ги истражувате опциите. Повеќето размени наплатуваат барем процент од вашата трансакција кога купувате крипто-валути.

Популарни NFT пазари

Откако ќе го поставите и финансирате вашиот дигитален паричник, имате безброј опции на веб-сајтови за NFT. Во моментов, најголемите пазари за NFT се:

  • OpenSea.io: Оваа peer-to-peer платформа се смета за снабдувач на „ретки дигитални предмети и колекционерски предмети“. За да започнете, се што треба да направите е да креирате сметка со цел да можете да пребарувате NFT колекции. Можете исто така да сортирате парчиња по обем на продажба за да откриете нови уметници.
  • Rarible: Слично на OpenSea, Rarible е демократски, отворен пазар кој им овозможува на уметниците и креаторите да издаваат и продаваат NFT. RARI жетоните издадени на платформата им овозможуваат на имателите да ги земат предвид карактеристиките како што се таксите и правилата на заедницата.
  • Foundation: Тука, уметниците мора да добијат одобрување или покана од колеги креатори за да ја објават својата уметност. На пример, креаторот на GIF-от Nyan Cat, Крис Торес го продаде NFT на оваа платформа.

Иако овие платформи и другите се домаќини на илјадници креатори и колекционери на NFT, бидете сигурни дека истражувате правилно и внимателно пред да купувате. Некои уметници станаа жртви на имитатори кои ги објавиле и продале нивните дела без нивна дозвола.

Покрај тоа, процесите за верификација за креаторите и списоците на NFT не се конзистентни низ платформите – некои се построги од другите. На пример, OpenSea и Rarible, не бараат верификација на сопственикот за NFT огласите. Изгледа дека заштитата на купувачите е ретка во најдобар случај, па затоа, кога купувате NFT, бидете претпазливи.

Дали треба да купувате NFT?

Само затоа што можете да купите NFT, дали тоа значи дека треба? Зависи, вели Ју.

„NFT се ризични затоа што нивната иднина е неизвесна, и ние се уште немаме многу сознанија и историја за да ги процениме нивните перформанси“, вели таа. „Бидејќи NFT се толку нови, можеби вреди да се инвестираат мали суми за да се испробаат засега“.

Со други зборови, инвестирањето во NFT е во голема мера лична одлука. Ако имате пари за трошење, можеби вреди да се размисли, особено ако некое парче што се продава има значење за вас.

Но, имајте на ум, вредноста на NFT се заснова целосно на она колку некој е подготвен да плати за тоа. Затоа, побарувачката ќе ја поттикне цената, а не основните, техничките или економските показатели, кои обично влијаат врз цените на акциите и барем генерално ја формираат основата за побарувачката на инвеститорите.

Сето ова значи дека NFT може да се препродава за помалку отколку што сте платиле за тоа. Или можеби нема да можете да го препродадете ако никој не го сака.

NFT исто така подлежат на даноци за капитални добивки – исто како кога продавате акции со профит. Меѓутоа, бидејќи тие се сметаат за колекционерски предмети, тие можеби нема да ги добијат повластените долгорочни стапки на капитална добивка, па дури и може да се оданочуваат со повисока даночна стапка за наплата, иако IRS се уште немаат одлучено како што се сметаат NFT за даночни цели. Имајте на ум, крипто-валутите што се користат за купување на NFT, исто така, може да се оданочуваат ако се зголемат во вредност откако сте ги купиле, што значи дека можеби ќе сакате да проверите со даночен професионалец кога размислувате за додавање NFT во вашето портфолио.

Како и да е, пристапете кон NFT исто како и секоја инвестиција: Направете истражување, разберете ги ризиците – вклучително и дека може да ги загубите сите долари што би ги инвестирале – и ако одлучите да купите NFTs, продолжете со доза на претпазливост.

Извор: Forbes