Што значи поделбата на акциите на Google?

Пред два дена, матичната компанија на Google, Alphabet, ги објави нејзините резултати од четвртиот квартал, со што акциите на компанијата скокнаа за над 10% во претпродажното тргување.

Зошто би „скокнале“ акциите на Google? Една од главните причини е дека продажбата во четвртиот квартал е зголемена за 32% на годишно ниво (72,3 милијарди долари).

Но, друга причина за скокот на цената на акциите најверојатно има врска со новата објава што ја соопшти Google: ќе направи поделба на своите акции. Зошто акциите на Google се делат и што значи тоа за оние кои што имаат акции?

Што поточно значи поделба на акции?

Поделба на акции е кога компанијата ги дели своите акции за да ја намали нивната цена и да го зголеми вкупниот број на достапни акции. Една компанија обично претрпува поделба на акции кога цената на нејзините акции станува многу висока.

На пример: Ако компанија чии акции чинат 1.000 долари по парче претрпе поделба на акции 2 за 1, вкупниот износ на акции ќе се удвои, додека цената на секоја акција ќе падне на 500 долари. Инвеститор кој поседува 100 акции во оваа компанија сепак би имал акции во вредност од 100.000 долари, но наместо тоа би поседувал 200 акции.

Како функционира поделба на акции?

За колку се поделени акциите на Alphabet?

Сега знаеме што е поделба на акции, па за колку се поделени оние на Alphabet? 20 спрема 1. Тоа значи дека по поделбата, ќе има 20 пати повеќе достапни акции на GOOG од она што е достапно денес.

Зошто Alphabet прави поделба на акциите?

Со речиси 3.000 долари по акција, Alphabet има една од најскапите акции во Silicon Valley. Главниот финансиски директор на компанијата Рут Порат вели дека овој потег ќе им овозможи на повеќе луѓе да инвестираат во компанијата.

„Причината за поделбата е што ги прави нашите акции подостапни. Мислиме дека ова е логичен потег“.

Ова значи дека поделбата ги прави акциите на GOOG подостапни за инвеститори како вие и јас. Во моментов, акциите на GOOG се движат околу 3.000 долари по акција, што го отежнува купувањето дури и на една акција за просечниот инвеститор. Но, по поделбата (ако една акција GOOG сè уште е 3.000 долари во момент кога ќе се се случи поделбата), една акција на GOOG би чинела само 150 долари, што ќе ја направи многу подостапна за инвеститорите.

Дали сопствениците на Alphabet акции пред „20:1“ поделбата ќе имаат 20 пати повеќе акции откако тие ќе се поделат?

Да. Ако вие во моментов имате 1000 Alphabet акции, откако ќе се случи поделбата, ќе имате 20.000 акции.

Дали “20:1“ поделбата на акциите значи дека нивната вредност ќе се зголеми 20 пати?

За жал, не. Другиот резултат на поделбата на акциите (покрај тоа што има повеќе акции) е дека тие акции пропорционално сега вредат помалку. Со тоа што акциите ќе се поделат 20 на 1, секоја акција ќе вреди 20 пати помалку отколку што вредела порано.

Кога ќе се изврши поделбата на акциите?

Според The Wall Street Journal, сите акционери што веќе имаат акции во Alphabet ќе добијат дополнителни 19 акции за секоја акција што ја поседуваат, на 15 јули, 2022. Акциите потоа ќе можат да почнат да се купуваат според новата, прилагодена цена на 18 јули, 2022.