Новости од е-трговија

Сѐ што треба да знаеш за Threads, новата социјална мрежа на Instagram

Instagram на 05.07. лансираше нова апликација базирана на текст која се вика Threads, која има многу сличности со апликацијата Twitter.

Што е Instagram Threads?

Според App Store на Apple, „Threads е место каде што заедниците се собираат за да разговараат за сè – од темите за кои сте заинтересирани денес до она што ќе биде во тренд утре“.

Како функционира Instagram Threads?

Во официјално видео од CEO на Instagram, Адам Мосери, тој ја објаснува целата идеја позади креирањето на апликацијата која има за цел да зближува различни луѓе и заедници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Mosseri (@mosseri)

Она што знаеме е дека на Threads ќе можете да:

  • Се логирате со вашиот постоечки Instagram профил (и на тој начин ако сакате, можете да го задржите вашето Instagram име)
  • Ги следите истите профили што ги следите на Instagram
  • Да споделувате објави базирани на текст (слично како Twitter)
  • Да лајкнувате, коментирате и да споделувате објави од други корисници
  • Да избирате кој може да прави reply на вашата објава: било кој, профили кои ги следите вие или профили кои ги споменувате во вашата објава

Имајте предвид дека една од најновите вести е дека доколку го избришете својот Threads профил, на бришење подлежи и вашиот Instagram профил.

Кои држави имаат пристап до Instagram Threads?

Точните држави се уште не се потврдени, но апликацијата ја има на App Store и Google Play Store за корисници во Канада, САД, Велика Британија, а веќе ја има и кај нас.

Првични впечатоци за Instagram Threads

Веќе на сите ни е познато дека Twitter има поминато низ многу промени откако Елон Маск ја презема компанијата.

Иако на многу корисници им се допаѓаат неговите иновации, многу од корисниците изразија загриженост (или целосно ја напуштија апликацијата), а многу од корисниците се со “wait and see” став.

Така, во изминатите неколку месеци се појавија различни алтернативи на Twitter – од Mastodon до Bluesky до SPILL – и Instagram Threads е најновата што се приклучи на овие апликации.

Сепак, за разлика од другите, Instagram Threads може да се поврзат преку Instagram (веќе етаблирана и воспоставена апликација) – потенцијално давајќи и предност на конкуренцијата.

Сепак, Threads може да биде нов беспрекорен начин за корисниците да создаваат повеќе содржини базирани на текст, или може да биде уште една апликација помеѓу многуте други. Значи, дали корисниците ќе бидат подготвени Threads или веќе чувствуваат app overload? Stay tuned.

Поврзани содржини