Како дел од имплементацијата на Агендата за е-трговија на ЦЕФТА, Секретаријатот на ЦЕФТА во соработка со Aсоцијацијата за е-трговија на Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Србија и Фондацијата Либре организира презентација на наодите од пазарна студија за практиките на гео-блокирање кои се користат во е-трговијата во ЦЕФТА регионот, пред бизнис заедницата.
16.03.2022 (среда)
10:00-12:00, Online
Презентацијата ќе се фокусира на клучните наоди од пазарната студија за гео-блокирање во ЦЕФТА регионот (С.Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Молдавија), како и на мерките што ЦЕФТА може да ги преземе за отстранување на неоправданото гео-блокирање, во согласност со Патоказот за е-трговија во ЦЕФТА (CEFTA E-Commerce Roadmap) и Акциониот план за заеднички регионален пазар Common Regional Market Action Plan).
Настанот е специјално дизајниран за бизнисите од ЦЕФТА регионот кои се занимаваат со е-трговија. Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за гео-блокирањето, запознавањето со ЦЕФТА регионот и слушањето на клучните наоди од студијата на пазарот, придружете ни се.
За да го најавите вашето учество на настанот, регистрирајте се на линкот во продолжение: https://bit.ly/3CvByyj
Повеќе информации за настанот: https://www.facebook.com/events/1343014832789622/?active_tab=about