Прекуграничната е-трговија во Европа вредела 179,4 милијарди евра во 2022 година. Ова е раст од 4,8% во споредба со претходната година. Европските онлајн продавници оствариле рекордно висок промет од 105,5 милијарди евра со прекугранично продавање, што е зголемување од 5,5% во споредба со 2021 година.
Во 2021 година, прекуграничната е-трговија во Европа вредела 171,2 милијарди евра. Овој пазар продолжил да расте во 2022 година, но со помал интензитет – имало раст од 5%. Овие податоци доаѓаат од 5-тото издание на „Топ 500 прекугранични малопродажби во Европа“ од Cross-border Commerce Europe.
Прекугранична продажба на различни европски пазари
Исто како и во 2021 година, Германија ја има најголемата вредност од европското прекугранично продавање со 34 милијарди евра (зголемување од 5% во споредба со претходната година). Во рамките на Велика Британија, прекуграничната продажба се намалила за 4%, на 28 милијарди евра.
Топ 500те е-продавници во Европа генерирале 62,2 милијарди евра
Заедно, првите 500 европски прекугранични продавачи генерирале 62,2 милијарди евра. Забележлив е пад на бројот на повеќеканални трговци, додека бројот на производители на брендови постојано расте. Во 2021 година тој раст бил 50%, но лани се забележува раст од 8,3%.
Онлајн пазарите оствариле прекуграничен промет од 24,7 милијарди евра
Бројот на онлајн пазари се зголемил од 42 на 49. Заедно, тие оствариле промет од 24,7 милијарди евра (зголемување од 22% во споредба со 2021 година). Најпопуларните категории за производи кои највеќе се продавале прекугранично се модата, накитот и детски и бебешки производи со удел од 39%, а близу нив се и категориите за дом, градина и DIY.
Топ 10 прекугранични продавачи во Европа
Според извештајот, ова се топ 10 европски прекугранични продавачи:
1. | Ikea |
2. | Lidl |
3. | Zalando |
4. | H&M |
5. | Lego |
6. | Zara |
7. | Jysk |
8. | Bauhaus |
9. | Notino |
10. | Adidas |
Ikea ја задржа водечката позиција со прекуграничен промет од 5,6 милијарди евра. Ова е зголемување од 1,8% во споредба со 2021 година. Lidl доживеал голем раст и со тоа ја обезбедил втората позиција на листата, а нови играчи во топ 10 се Notino и Adidas, кои ги заменија Bauhaus и Euronics.
Извор: Ecommerce News