Новости од е-трговија

Потпишавме меморандум за соработка со Царинска управа на Република Македонија

Ја поздравуваме отвореноста за соработката на Царинската управа со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, која ја официјализиравме со потпишувањето на меморандум за соработка.

Соработката ќе се остварува преку:

  • споделување релевантни информации за е-трговија
  • креирање соодветни програми за корисниците на услугите
  • споделување тековни и нови искуства.

Ќе работиме за да ги подобриме условите, да ги олесиме процедурите и да ги елиминираме бариерите, да ја зголемиме конкурентноста на домашните компании и да ги охрабриме да ги пласираат своите производи на странските пазари.

Зошто е важна Царинската управа и каде е поврзаноста со е-трговијата?

  • За да може еден е-трговец да извезува т.е да испорачува производи на странски пазари потребно е да ги познава царинските процедури
  • За да може еден е-купувач да прави онлајн нарачки од странски веб сајтови, зависно од цената на нарачката потребно е да плати данок и царина на производот.