Клучни поенти:
- Проширувајќи ги своите функциионалности во плаќања, Facebook Messenger тестира функција за split payments во својата апликација за американските корисници, објави компанијата во петокот . Компанијата не откри кога ќе ја пушти функцијата за поширока употреба.
- Корисниците можат да ја изберат функцијата со кликнување на копчето „Get Started“ во нивниот групен разговор или во Payments Hub на Messenger, а потоа да поделат сметка или да го изменат износот на придонесот кој го дава секое лице, велат од компанијата.
- Корисниците исто така можат да пишуваат персонализирани пораки и да ги потврдат своите информации за Facebook Pay пред да го испратат барањето за плаќање, кое ќе биде видливо во групниот разговор.
Со тестирање на својата функција за поделени плаќања во Facebook Messenger, Мета дополнително ја прави својата апликација дел од социјалните и финансиските животи на потрошувачите. Пред две години, компанијата интегрираше Facebook Pay преку Messenger, Instagram и WhatsApp. На почетокот на оваа година, компанијата започна со тестирање на peer-to-peer канал за плаќање базиран на QR код преку Facebook Pay за корисниците да можат да испраќаат пари едни на други преку Facebook, Instagram и WhatsApp.
„Ако сте се мачеле да ги поделите трошоците (како и да ви се исплатат оние за кои што сте платиле вие) за групните вечери, заедничките трошоци за домаќинството или дури и месечната кирија, ќе ви биде полесно“, се вели во соопштението на компанијата.
Во меѓувреме, додека Мета почнува да ги интегрира своите алатки за плаќање преку апликациите за социјални медиуми, ветераните за плаќање исто така се стремат да го поедностават процесот на поделба на сметката. Пред две години, American Express се здружи со PayPal и Venmo за да им помогне на клиентите да ги поделат плаќањата преку тие апликации.
Потегот на Facebook Messenger следи по тековното забрзување на усвојувањето на peer-to-peer плаќања во САД. Минатата година, обемот P2P на плаќања достигна 393,9 милијарди долари , што е 5% зголемување од 375,1 милијарди долари во 2019 година. Обемот на P2P плаќањата се очекува да достигне 538,7 милијарди долари до крајот од 2022 година.
Извештај: Retail Dive