No more “Swipe Up” – Instagram ја тестира опцијата секој корисник да може да сподели линк преку Stories

Опцијата за кој може да споделува линкови од содржини со помош на “Swipe Up” на своите stories отсекогаш била ограничена од страна на Instagram. Но, почнувајќи од вчера, компанијата започнува нов тест што може да ја прошири можноста за споделување линкови.

Во овој случај, нема да е веќе опција за “Swipe Up” туку стикер кој ќе може да води до веб-сајт. Овие налепници ќе работат на ист начин како што работи “Swipe Up” линкот, но наместо swipe ќе биде tap. Луѓето, исто така, ќе можат да пишуваат пораки на оние stories на кои го има овој стикер, што во моментов не можат да го прават со опцијата “Swipe Up”.

 

Вишал Шах, Head of Product на Instagram, за The Verge вели дека засега тестот е мал и главно служи за да се открие на кој начин луѓето би ја искористиле опцијата за споделување на линкови. Instagram ќе внимава на видовите линкови што ги објавуваат луѓето додека особено ќе внимаваат на дезинформациите и спам.

Тој додава дека стикерите за линкови се евентуалната цел за Instagram, без разлика дали ќе бидат за секого или само за луѓе кои веќе имаат “Swipe Up” привилегии. „Тоа е вид на иден систем до кој би сакале да стигнеме“, вели тој. „И тоа е она што се надеваме дека ќе го пуштиме во употреба“.

Меѓутоа, засега линковите ќе бидат имплементирани само во Stories. Шах вели дека „нема план“ да ги донесат во Feed или во кој било друг дел од апликацијата.

Овој тест се чини дека главно е наменет за луѓе кои го нашле својот глас и reach на платформата, но можеби не и квалификациите што ги бара Instagram за да добијат привилегии за Swipe Up. (Корисниците треба да бидат “verified” или да имаат најмалку 10.000 следбеници.) Активистите, на пример, ја имаат совладано тактиката на објавување call-to-action објави, но не можат да ги насочат луѓето кон директни веб-сајтови. Овој тест можеби ќе може да го овозможи тоа. Повторно, ова е само мал тест, така што платформата нема брзо да се промени преку ноќ, но тоа може да биде почеток на почесто сурфање на веб-страници  директно од Instagram апликацијата.

Извор: The Verge