За подобро разбирање на новите стандарди за користење на личните податоци во директен маркетинг, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со Националното здружение за промоција на правото за заштита на личните податоци ПРАЈВАСИ ја организира online обуката на тема “Користење на личните податоци во директен маркетинг”.
Обуката ќе се одржи во вторник, на 10.05.2022, онлајн преку Zoom, со времетрање од 12 до 16 часот.
Што ќе научите од обуката?
– Правна анализа на легислатива за обработка на лични податоци
– Согласност за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
– Маркетинг пораки и е-пошта – правила и практични примери
– Забранети практики
– Кои се ризиците за една компанија доколку се постапува спротивно на правилата за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг
– Улогата на офицерот за заштита на личните податоци во носењето на политика за приватност, остварување на правата на субјектите и склучување на договори
и многу други информации кои се значајни за заштитата на податоците и приватноста на граѓаните во дигиталниот свет
Предавачите на оваа обука се :
– Димитар Ѓеоргиевски – Експерт и консултант за заштита на личните податоци и поранешен директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и
– Марјана Планојевиќ – експерт за заштита на личните податоци со повеќе од дванаесетгодишно работно искуство во областа, особено при реализација на обуки за заштита на личните податоци и долгогодишно работно искуство како инспектор за заштита на личните податоци во Агенцијата за заштита на личните податоци.
Пријавете го вашето присуство на bit.ly/3jj2kS0, најдоцна до петок, 6 мај
Цената за учество изнесува 2.950 денари (за ченови на АЕТМ, цената е 990 мкд)