КаСис АД официјално станува процесор и на меѓународната картична мрежа DINERS CLUB INTERNACIONAL (DCI).
“Покрај Mastercard и Visa, бесценето е да се биде процесор и на Diners Club мрежата. Нашиот труд и квалитет финишираа со успех по неколку месечниот due diligence process. Горди сме на постигнатиот успех “ – вели Филомена Пљаковска-Аспровска, Претседател на Управниот одбор и Главен извршен директор на Касис АД Скопје.
“Навистина се радуваме на овој резултат и достигнување имајќи во предвид дека е достигнување процесор од областа на картичната индустрија да работи и има директни комуникациски врски со повеќе меѓународни мрежи.”, додава Пљаковска-Аспровска.
КаСис АД е единствен независен процесор на територијата на Република Северна Македонија, сертифициран од страна на Mastercard и Visa и во 2021 година го обележа 20 годишниот јубилеј од своето постоење. КаСис АД обезбедува широк дијапазон услуги од доменот на картичната индустрија, и се стреми кон практикување на меѓународно прифатените стандарди од индустријата, да обезбеди иновативна понуда на пазарот и обезбедување висок степен на безбедност и оперативна доверливост за клиентите.