Не е никаква нова вест дека нарушувањата од COVID-19 создадоа брзи промени и помалку предвидливо опкружување за повеќето индустрии, оставајќи многу лидери и бизниси да ‘лебдат’. И како што потрошувачите влегоа во режим на преживување, се прави сè за тие да останат безбедни, поврзани и најважно, да бидат дигитално поврзани во секое време.
Нарушувањето во е-трговијата не е ништо ново. Додека малопродажбата во физичките продавници е предизвикана од новиот режим на однесување на потрошувачите, covid-19 носи нова публика во е-трговијата. Ова треба долгорочно да го поттикне пазарот поради силната прогноза за раст до 2025 година, обезбедувајќи неспоредливи можности за нови групи на претприемачи за лансирање нови производи и услуги.
Како е-трговијата може да профитира од сегашниот тренд и да напредува со тоа што ќе ги надмине основните и обичните веб-сајтови и апликации? Претприемачите и бизнис лидерите ја разгледуваат оваа состојба како можност да се претворат во нов „business as usual“ режим и треба да ги земат предвид овие непосредни активности, додека се борат за она што го граделе.
1. Останете поврзани со вашите купувачи
Дали е-трговијата може да ја добие битката за стекнување и задржување на купувачи? Оваа криза ги менува приоритетите и однесувањето на потрошувачите и овој пат, најверојатно, тие ќе останат како нови навики откако ќе заврши пандемијата.
Агилните бизниси реагираат со практичност, асортиман на производи и транспарентност, осигурувајќи дека се ангажираат и комуницираат со своите клиенти каде и да се со цел развивање на бизнисот, зајакнување на лојалноста на клиентите и навлегување во нови категории и територии. На ист начин со кој COVID-19 ќе остави трајни емотивни лузни, ќе создаде и трајни емотивни врски и поврзувања уште долго откако ќе помине пандемијата.
2. Приредете супериорен шопинг без фрикции
Фрикцијата е непријател на е-трговијата – а и на потрошувачот. Порастот на дигиталната трговија создава нови допирни точки со клиентите, овозможувајќи им на купувачите да комуницираат со бизнисите преку сложената мрежа на категории и платформи. Но, како може дигиталната трговија да се бори против ризиците?
За малите и средни претпријатија, справувањето со предизвикот на трговијата без фрикции може да биде застрашувачки. Тактичните претприемачи ја прават беспрекорната и хипер персонализираната трговија клучен фокус при помагање на купувачот во откривањето, купувањето и пост-купопродажното искуство, додека тие обезбедуваат исклучителна функционалност на страниците, исцрпни описи на производите и супериорна услуга за купувачите со цел за да ја надминат конкуренцијата.
3. Направете нова тактика за менаџирање на инвентарот и ланецот за снабдување
Бидејќи луѓето прават избор за купување врз основа на нови околности, а и постојано менување на истите, категориите за купување производи исто така се менуваат. Како одговор на зголемувањето на побарувачката на нови категории, индустријата е сведок на драматично реструктуирање на редот на синџирот на снабдување со кој традиционално работеше е-трговијата.
Претприемачите реагираат на тој тренд и ја зголемуваат диверзификацијата и континуитетот на нивните синџири на снабдување и управувањето со залихите за да одржат некој вид на нормалност за време на оваа пандемија. Додека некои бизниси се бореа значително поради недостигот на снабдување со критични артикли, претприемачите неуморно ја преиспитуваат својата стратегија за извори, ја редизајнираат нивната мрежа на снабдувачи и ја насочуваат својата стратегија за синџирот на снабдување со цел да одговорат на новата реалност.
4. Забрзајте ги бесконтактните плаќања
Со препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за потрошувачите да користат бесконтактни картички или плаќања преку смартфони секогаш кога е можно за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот, пандемијата COVID-19 се покажа дека поттикнува побрзо усвојување на дигиталните плаќања.
Потрошувачите се чини дека ја фаворизираат иновацијата, и бидејќи тие стануваат се повеќе спретни со технологијата, подготвени се да прифатат бесконтактни плаќања и дигитални паричници. И бизнисите реагираат на тој тренд.
Noon неодамна се здружи со Visa за транзиција кон 100% бесконтактни плаќања за да се намали ширењето на коронавирусот, додека исто така нуди одредени придобивки со користење на оваа опција за плаќање. Очекуваме овој тренд да се забрза бидејќи светот се прилагодува на препораките за социјално дистанцирање во пандемијата.
5. Бидете решителни во имплементирањето на она што функционира – или она што би можело
Додека агилните претприемачи се обидуваат да се грижат за своите вработени и да останат верни на нивната визија, тие се покажаа како експерти за прилагодување кон новото опкружување. Без разлика дали ја имаат најсофистицираната технологија или не, тие постојано експериментираат и иновираат со фокусирана стратегија за да го задоволат современиот купувач кој секогаш бара повеќе.
Па, како ќе изгледа иднината? Претприемачите имаат невидена можност да го употребат својот бизнис и да го прилагодат својот оперативен модел за да излезат посилни од неверојатното влијание на COVID-19. На преполниот и збунет пазар, трговските бизниси кои дигитално се поврзуваат со потрошувачите преку автентичноста, практичноста и споделените вредности можат да градат доверба, да ја задржат лојалноста на клиентите и да напредуваат во новата нормала.
Извор: Entrepreneur