Од неодамна, услугата Google Pay е достапна за сите корисници на картички Visa издадени од NLB Банка во Северна Македонија.
Google Pay е брз и лесен начин на плаќање, без разлика дали плаќате во продавница или онлајн.
За да ја активирате услугата Google Pay потребно е да:
- го отворите Google Play Store на вашиот телефон
- ја најдете и преземете апликацијата Google Wallet
- ја поставите вашата картичка Visa како прв избор за плаќање во апликацијата Google Wallet
За корисниците на картичките Visa, Google Pay™ во моментов е достапен за картички издадени од NLB Банка.
*Неопходно е телефонот да има инсталиран оперативен систем Android (Lollipop 5.0 или понова верзија) и да поддржува NFC технологија.
Како се користи услугата?
-
-
Преземете ја апликацијата Google Pay на вашиот смартфон
-
Додајте ја вашата картичка
-
Фотографирајте ја вашата картичка со апликацијата Google Pay или внесете лични податоци и информации за картичката. Потврдете го вашиот идентитет со внесување на кодот што ќе го добиете преку СМС.
3. Почнете со пазарење
Откако ќе ја внесете вашата картичка Visa како прв избор во Google Wallet, подготвени сте да пазарите! Плаќајте побрзо и посигурно во продавници и на интернет. Само доближете го уредот до ПОС-терминалот за да извршите плаќање. Картичката ќе се прикаже на екранот, а потоа ќе добиете потврда за успешна трансакција.
Извор: visasoutheasteurope.com