Како да и направите reverse engineering на вашата Instagram стратегија за подобри резултати

 

Успешноста на еден Instagram профил е дефинирана различно од секого.

За бизнисите, можеби успешноста е дефинирана како зголемување на продажбата од месец во месец. За креаторите, тоа би можело да биде континуиран раст на нивните следбеници. 📈

Откако ќе ги дефинирате вашите цели, можете да се фокусирате на специфични индикатори на Instagram за да ви помогнат да ги достигнете.

Како? Со помош на reverse engineering (тоа значи да почнете од самиот крај на нештото и да се враќате наназад) методот.

Дознајте како да ја промените вашата стратегија на Instagram – и да постигнете вашите цели.

Цел #1: Сакам да… добивам повеќе лајкови

Colorful image that says get more likes

Добивањето повеќе лајкови на Instagram е многу вреднувано од страна на алгоритмот, а исто така е показател дали вашата содржина резонира со вашата заедница

Но, како да ја зголемиме веројатноста дека вашиот следбеник ќе го лајкне вашиот пост?

Вашата публика најверојатно ќе ја лајкне вашата објава ако може да се поврзе со неа. Размислувајте за објавување на смешни memes, инспиративни цитати и едукативни Reels. Забележете го бројот на лајкови на овие едноставни memes за кои не ви треба многу време да ги креирате, а ќе направите вашата публика да се поврзе со нив, а на тој начин, и со вас.

two side by side instagram posts with over 2000 likes

Втор совет? Објавувајте силни визуелни елементи.

Инстаграм е визуелна платформа, па така, објавите кои се дизајнирани согласно брендингот на вашата компанија, или пак креирани согласно одредена естетика се едноставни за перцепирање и инстантно ќе го задржат вниманието на вашта публика.

Не пропуштајте да ги споделите убавите работи со вашите следбеници! (како што е годишнината од вашата прва продажба или достигнувањето 10 илјади следбеници). Дозволете вашата публика да биде вашиот најголем фан и да слави со вас.

Цел #2: Сакам да… добивам повеќе коментари

colorful image that says how to get more comments

Пишувањето одлични captions (описи под сликите) може да биде вашата најдобра тактика кога станува збор за охрабрување на вашата публика да коментира на објавите кои ги постирате.

Call-to-action e многу важен елемент во пишувањето на текстови и означува било што што би го повикало оној кој ја гледа вашата објава да преземе некаков чекор. Доколку на вашата публика и поставите директно прашање во описот, шансите да го зголемите бројот на коментари што ги добивате на објава се големи.

Бидете креативни со вашите прашања: побарајте совет, препораки или поставете актуелно прашање поврзано со вашата содржина.

Пишувањето на call-to-action може да ви помогне подобро да ја разберете позадината на вашите следачи (и можете да ја искористите  како инспирација за идни објави):

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena | Home Decor (@thishouse5000)

Иако зголемувањето на бројот на коментари на вашите објави е одлично, важно е и да одговарате на истите коментари.

Цел #3: Сакам.. моите следбеници да ги зачувуваат моите објави!

colorful image that says how to get more saves

Зачувањата на објави се вреден показател за алгоритмот на Instagram, но некои објави имаат поголема веројатност да бидат зачувани од другите.

Едукативните или информативните содржини како рецепти, водичи и инфографици обезбедуваат вредни информации што можат да помогнат во решавањето на некаков проблем – со што е поголема веројатноста да бидат зачувани.

И не мора сè да биде напишано на сликата или видеото. Споделувањето дополнителни информации во вашиот опис под сликата може да поттикне и зголемување на зачувувањата на вашите објави.

Цел #4: Сакам… моите објави да бидат повеќе споделувани

colorful image that says how to get more shares

За да ги зголемите споделувањата на вашите објави, размислете што ќе резонира со вашата публика и зграпчете го нивното внимание.

Еден од најдобрите начини да го направите ова е со содржина во која вашите следбеници ќе се препознаат.

Ако нешто ја насмее вашата публика, толку е поголема веројатноста дека ќе сакаат да го споделат со своите пријатели

Не ви е потребна никаква посебна вештина за да можете да направите смешни memes кои ќе бидат препознатливи за вашата публика.

Можете да правите repost на memes кои се моментално во тренд во вашата заедница (секако со претходна дозвола и кредит) или брзо да додадете свој текст (користејќи ги фонтовите на Instagram) на постоечки меме.

Друг одличен начин да го зголемите бројот на споделувања за вашите објави е да пробате да направите giveaway.

Без оглед на она што ќе го подарувате, за земање учество во giveaway-от поставете услови во кои ќе побарате учесниците да ја лајкнат и споделат вашата објава, како и да ја споделат објавата на нивното стори.

Цел #5: Сакам да… добијам повеќе следбеници

colorful image that says how to get more followers

Зголемувањето на вашите следбеници на Instagram е еквивалент на создавање заедница за вашиот бренд – вашите следбеници се вашата најлојална и најангажирана публика

Но, сега следува најголемото прашање: како да добиете повеќе следбеници на Instagram?

Прво, можете да ги искористите заедниците што сте ги изградиле на други канали:

Додајте копче за социјални медиуми на вашиот веб-сајт или блог, вклучете го името на вашиот Instagram профил во вашиот потпис на е-маил, и вкрстено промовирајте го вашиот TikTok, Twitter или Pinterest.

Следно, погрижете се да имате добар опис во „биографијата“ на вашиот Instagram профил што ќе им каже на вашите посетители за што точно е вашиот профил.

three instagram bios from instagram creators

На овој начин, ако некој наиде на вашиот профил, ќе знае точно кои сте, што правите и видот на содржината што може да ја очекува од вас.

На крај, осигурајте се дека сте конзистентни:

  • Дали објавувате за суштински избор на теми?
  • Дали објавувате редовно?
  • Дали имате силен глас и приказна за вашиот бренд?
  • Дали имате визуелен стил?

Штом луѓето ќе стигнат до вашиот профил, силниот прв впечаток ќе ги поттикне да го притиснат копчето Follow.

Цел #6: Сакам да… добијам повеќе кликови

colorful image that says how to get more clicks

Ако вашата цел е да го придвижите сообраќајот од вашиот Instagram на друго место, постојат неколку начини на кои можете да ја поттикнете вашата публика да кликне на нешто.

Еден од најлесните начини? Со додавање на “Link” стикерот на вашите stories.

Со “Stoies” стратегија која вклучува брендирани дизајни со добар call-to-action, ќе создадете нов начин следбениците да го допрат директно до вашиот најнов блог-пост или до најновиот лансиран производ на вашата е-продавница.

later instagram stories with link stickers directing to recent blog posts

Извор: Later.com