Известување за прием, пренос на пратки во меѓународен поштенски сообраќај

Поради актуелната состојба со коронавирусот (COVID-19), Пошта на Северна Македонија континуирано прави напори за воспоставување на пренос на поштенските пратки во меѓународен поштенски сообраќај кон што повеќе земји. Во моментов, се примаат пратки во меѓународен поштенски сообраќај за следните земји:

-Албанија, Грција (oтпрема се врши секој ден од понеделник до петок)

-Косово, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Молдавија, Украина и Турција (oтпрема се врши трипати неделно, и тоа: понеделник, среда и петок) и

-Германија (oтпрема се врши еднаш неделно)

За воспоставување на меѓународен поштенски сообраќај со други земји ќе бидете дополнително информирани како што ќе се изнаоѓа начин на транспорт.