Компанијата Payten обезбедува целосни решенија за платежна индустрија, за нефинансиски и финансиски институции и нуди поддршка на трансакции со платежни картички картички.
Понудата на компанијата вклучува решенија за е-трговија, мобилни плаќања, како и услуги поврзани со банкомати и ПОС уреди. Специјализирани во изработка и испорачување на софтвер и услуги, вклучувајќи аутсорсинг и опрема, Payten обезбедува највисоко ниво на експертиза, одржување и поддршка на своето портфолио.
Оваа година Payten ја поддржува Четвртата годишна конференција за е-трговија како златен партнер. Разговараме со Претседателот на Одборот на Payten, Славчо Ангеловски на тема е-трговија, со посебен осврт на аквизицијата на Grouper.mk, иновативните решенија за плаќање кои ги нуди Payten, како и идните планови на компанијата.
АЕТМ: 4-та годишна конференција за е-трговија ќе се одржи на 12 ноември, а вашата компанија Payten ќе биде еден од нејзините поддржувачи. Обезбедувате комплетни решенија поврзани со платежната индустрија, со посебен фокус на е-трговијата. Дали би било погрешно ако кажеме дека Payten има за цел да стане еден од клучните поддржувачи на е-трговијата во регионот и пошироко?
Славчо Ангеловски: Пред сè, чест ни е што сме дел од најголемата конференција за е-трговија во регионот и што имаме можност да ги презентираме нашите најсовремени функционалности и услуги што ги нудиме во сегментот на е-трговијата, како и нашето ново партнерство во Македонија со кое се гордееме! Payten групацијата е свесна за силата и потенцијалот што е-трговијата ја има во иднината на бизнисот и е фокусирана на онлајн пазарот во регионот и на другите пазари ширум светот.
АЕТМ: Вашата компанија моментално е фокусирана на иновативни начини на плаќање и подобрување на сегментот е-трговија во регионот. Нудите широк спектар на производи и услуги, но бидејќи темата е е-трговија, можете ли да ги издвоите услугите што ги нудите во областа на е-трговијата и кои од нив најчесто ги користат вашите клиенти?
Славчо Ангеловски: Преку аквизицијата на Monri Payments и WebPay платформата, Payten групацијата доби можност не само да продава продукти на трговците, туку да создаде партнерство со нив и да ги реши нивните предизвици со плаќањата, поточно да го направи плаќањето едноставно!
Во фокусот на нашата групација секогаш е безбедноста и беспрекорно корисничко искуство, тежнееме истото да го задржиме во нашите решенија за е-трговија. Меѓу другото, SecureVault решението решава два предизвика. SecureVault, ја користи нашата PCI DSS безбедносна околина и ги организира лојалните клиенти со токенизирање на податоците на нивните картички, дозволувајќи им да плаќаат со само еден клик преку веб-продавница или апликација за IOS или Android. За партнерски попусти и други видови поволности, нашата услуга Промоции автоматски ги обработува сите попусти во одреден период и ги поздравува клиентите со персонализирани пораки.
АЕТМ: WebPay е портал за онлајн плаќање што овозможува безбедно, брзо и лесно прифаќање и наплата на дебитни и кредитни картички за сите виртуелни продажни места. Дали македонските е-продавници можат да го користат ова решение, кои услови треба да ги исполнуваат и колку е сложен процесот на интеграција?
Славчо Ангеловски: Како што е случајот во целиот регион, и е-продавниците во Македонија може да имаат значителни придобивки од користењето на WebPay решенијата како што се напредни функции и услуги и специјалните понуди за StartUp бизниси. Што се однесува до процесот на интеграција, Мonri е и секогаш ќе биде Developer friendly компанија! Сите интеграции се бесплатни и се поддржани од страна на стручни тимови. Нашата документација е беспрекорна, а процесот на интеграција е непречен. Само прашајте која било сериозна девелоперска компанија во регионот.
АЕТМ: Неодамна Payten реализираше стратешка аквизиција поврзана со е-трговија, прво со аквизиција на Monri, а подоцна и преку аквизиција на Grouper.mk. Како може да ја опишете поврзаноста на овие две компании, во однос на тоа дали тие соработуваат во моментов и кои се плановите за идна соработка?
Славчо Ангеловски: Со аквизицијата на двете компании како и дополнителни компании во регионот, Payten отвара ново поглавје во неговата историја – фокус на трговците. Стратегијата е да ги обединиме ентитетите во групата и да испорачаме унифицирани понуди до нашите клиенти. Резултатот од првите синергии на овие аквизиции е соработката на Grouper и Monri. Grouper е првиот трговец за е-трговија во Македонија кој го користи решението на Monri WebPay. Корисниците на Grouper веќе можат да плаќаат преку најголемиот македонски онлајн трговски центар. Што се однесува до плановите за иднината, единствено што можам да кажам е дека ќе создадеме магија во блиска иднина.
АЕТМ: Што можеме да очекуваме во иднина од Payten кога станува збор за развој на е-трговија локално во Македонија, и како регионално, каде е присутна вашата компанија? Дали е-трговијата ќе биде главен фокус во периодот што следи?
Славчо Ангеловски: Е-трговијата е еден од фокусите на компанијата. Покрај е-трговија, ние силно го воспоставуваме нашето SinglePOS решение на новите пазари во регионот. По големиот успех во Хрватска, повеќето од најголемите регионални трговци бараа решението SinglePOS да биде присутно и на нивните други пазари, освен во Хрватска. За кратко време ќе почнете да забележувате Monri POS уреди и на касите во Македонија.