Instagram воведува неколку нови функции за размена на пораки во апликацијата, вклучително и можност за одговарање на нова директна порака (DM) без напуштање на Home feed-от, брзо споделување на објави со пријателите, гледање кој е онлајн и многу повеќе.
Овој нов “бран“ на функции го следи ветувањето на компанијата кон крајот на минатата година која ветува дека ќе се фокусира на пораките (како и на Reels).
Во изјава на нивниот веб-сајт, тие споделуваат дека новите можности за DM се дел од „тековната работа на компанијата за подобрување на начинот на кој се поврзувате и споделувате со вашите најблиски пријатели“.
Кои се новите функции за пораки?
Instagram воведе неколку нови функции дизајнирани да ја олеснат комуникацијата преку апликацијата.
Од анкети (polls) до поедноставено споделување содржина, овие карактеристики ќе можат да се пронајдат во новата верзија на DM’s.
Погледнете ја оваа листа со сите нови функции:
1. Одговарајте додека прелистувате: Брзо одговарајте на порака без да треба да го напуштите home feed-от.
2. Брзо испраќајте до пријателите: повторно споделувајте содржина без да се оддалечите од доводот на Instagram Home со допирање и задржување на копчето за споделување.
3. Видете кој е онлајн: видете кој е слободен да разговара на врвот на листата на вашиот inbox.
4. Споделете песна: споделете преглед од 30 секунди на песна преку интеграции со Apple Music, Amazon Music и Spotify (наскоро).
5. Праќајте “silent” пораки: праќајте пораки без да ги известувате пријателите со додавање „@silent“ во вашата порака.
6. Променете ја темата: испробајте ја новата lo-fi тема.
7. Креирајте анкети во групни пораки.
Овие функции во моментов се достапни за корисници во одредени земји и се тестираат со цел да бидат пошироко достапни во наредните недели и месеци. Се надеваме дека наскоро истите ќе стигнат и кај нас 🙂