Новости од е-трговија

Европскиот онлајн пазар за мода ќе вреди 175 милијарди евра во 2025

Европскиот онлајн пазар за мода треба да порасне за 50% до 2025 година. Онлајн прометот на овој пазар ќе достигне 175 милијарди евра, што е еднакво на 33% од модната малопродажба.

Прекуграничните пазари се најголемите двигатели на овој раст.

Модната малопродажба се очекува да го зголеми својот вкупен промет на своите 16 најголеми онлајн пазари за 10 проценти, на 525 милијарди евра. Веб сајтовите и апликациите како што е Vinted (Веб-сајт за купување, продавање и размена на нова или веќе носена облека или модни додатоци додатоци) ќе го поттикнат онлајн растот на модниот пазар, според извештајот на Cross-Border Commerce Europe.

Онлајн модниот пазар е доминиран од marketplaces (онлајн пазари)

Извештајот го разгледува и моменталниот онлајн пазар за мода. Доминираат популарните онлајн пазари како Amazon, Zalando и eBay. Според извештајот, Zalando има најголем удел на онлајн пазарот.

top 20 online fashion market
ТОП 20 онлајн пазари за мода во 2022

Инфлацијата прави притисоци врз побарувачката

Истражувачите очекуваат дека побарувачката за модни артикли ќе биде под влијание на наглиот пораст на цените во 2022 година. Тековните зголемени цени на товарот, енергијата, суровините и трошоците за работна сила се пренесуваат во цените што ги плаќаат потрошувачите.

‘Зголеменото враќање на производите што се купени онлајн може да се објасни со притисоците од инфлацијата’

„Со оглед на значителното зголемување на враќањето на производи кои се купени онлајн, се чини дека притисокот од инфлацијата влијае на однесувањето на потрошувачите онлајн. Тоа ни опишува како, по купувањето, клиентите може да воочат дека немаат толку пари за трошење колку што мислеле кога ќе ја погледнат нивната банкарска сметка“, се вели во извештајот.

Онлајн купувањето е тука за да остане

Од друга страна, истражувачите очекуваат дека потрошувачите кои морале да купуваат онлајн за време на пандемијата ќе продолжат да го прават тоа. „Голем дел од однесувањето на онлајн купувачите што се појави за време на пандемијата е тука да остане“, велат во извештајот.

Извор: Ecommerce News