E-commerce на Комерцијална банка со признание од Visa за најголем раст во прифаќањето картички во 2021

Иновативноста и врвната услуга на нашиот член и долгогодишен соработник Комерцијална банка ѝ донесоа уште едно признание. Светскиот aвторитет во дигиталните плаќања, Visa, ѝ додели на Комерцијална банка признание за остварен најголем раст во прифаќањето картички во електронската трговија во земјава во 2021 година.

Оваа награда е епилог на континуираниот фокус на Комерцијална банка да понуди иновативни производи и услуги кои ги задоволуваат новите потреби на пазарот, особено во услови на пандемија кога безготовинските плаќања станаа доминантни. Од Комерцијална банка велат дека наградата не би постоела без довербата на клиентите, кон кои се обврзани со понуда на најдобра услуга.

E-commerce услугата на Банката е современо дигитално решение со кое Комерцијална банка им овозможува на трговците да вршат продажба 24/7 на купувачи од целиот свет. Тие велат дека остануваат посветени на натамошен развој на услугата со цел пружање најсовремени решенија за онлајн продажба на сите видови трговци.