Дали спиете повеќе од Џеф Безос, Елон Маск и Винстон Черчил?

Напишани се стотици книги и статии за важноста на спиењето и за тоа како влијае на начинот на кој работиме. Некои експерти велат дека доаѓањето уморен на работа е исто како и да дојдете пијан. Се разбира, спиењето повеќе часови е полесно да се каже отколку да се оствари, особено ако сте зафатен претприемач.

Добрата вест е дека голем број успешни луѓе ноќта ја минуваат со спиење помалку од осум часа. Online Mattress Review собра податоци од Daily Rituals, серијалот на книги на Мејсон Кари и извори од Интернет за да креира инфографик кој ги прикажува ритуалите за спиење на 50 личности кои се истакнуваат по нивните големи достигнувања.

Гордон Ремзи спие само три часа, најмалку од сите на листата. Војвотката од Сасекс, Меган Маркл и претприемачот Ричард Бренсон се близу до него со пет часа, заедно со Винстон Черчил. Џеф Безос, папата Френсис и Марк Валберг навидум имаат малку заедничко, но ова трио одвојува по седум часа за спиење.

Сакате да видите каква е вашата рутина за спиење во споредба со овие претприемачи и лидери? Прочитајте за навиките за спиење на сите 50 личности од прикажаниот инфографик.

Извор: Entrepreneur