Дали фотографиите прават comeback на Instagram?

Ready, set, shoot 📸

Ако во последно време забележувате повеќе фотографии на вашиот Instagram Feed, не сте единствени. Следејќи ги приоритетите на Instagram за 2023 година, забележавме зголемување на појавата на фотографии.

Технички гледано, фотографиите никогаш не заминаа од оваа платформа, но беше воочливо дека Reels и “suggested” содржината беа приоритизирани.

По кампањата „Make Instagram Great Again“ од 2022 година, извршниот директор на платформата, Адам Мосери, се погрижи Instagram да остане посветен на поддржувањето на фотографиите како содржина:

И во кратко “Ask Me Anything” видео претходно оваа година, тој зборуваше токму на таа тема:

„Бевме премногу фокусирани на видео во 2022 година, и во основа покажавме премногу видеа и недоволно фотографии.

Оттогаш имаме направено баланс, па работите како што се тоа колку често некој лајкнува фотографии наспроти видеа и колку често некој коментира на фотографии наспроти видеа се приближно еднакви – што е добар знак дека работите се избалансирани“.

Но, дали работите се избалансирани?

Некои креатори како Џејд Бисон и Лукас О’Киф велат да, и ги охрабруваат своите следбеници да објавуваат повеќе фото-содржини.

Џејд спровел експеримент и објавувал само фотографии во текот на 10 дена.

Резултат од експериментот? „Иако фотографиите не можеа да се натпреваруваат со досегот што го добивам од Reels, тие добија значително поголем ангажман“.

И социјалниот тим на Later.com забележал сличен тренд:

„Ние објавуваме просечно 10 објави неделно на Instagram – од кои околу половина се фотографии. И додека нашите прегледи на Reels беа прилично конзистентни во изминатите шест месеци, видовме голема промена кај фото-содржините.

Помеѓу статичните фотографии и објавите на повеќе фотографии во една објава, ангажманите кон нив се зголемија за 100%,“ споделува менаџерката за социјални медиуми на Later, Кристин Колинг.

„Иако ангажманот кон нив не е толку висок како претходните години, сите знаци моментално укажуваат кон comeback на фотографии.“, додава таа.

Што можеме да заклучиме од сето ова?

Ако сте фокусирани на кревање на свесноста за вашиот бренд и допирање до нова публика, Reels сепак може да биде супер начин на кој можете да го направите тоа. Меѓутоа, ако ангажирањето на вашите следбеници и градењето заедница се вашите главни цели, споделувањето на повеќе фотографии (статични или Carousel) на вашиот feed можат да допрат повеќе до вашите следбеници.

Со други зборови, продолжете да го диверзифицирате типот на содржина што ја објавувате на Instagram – од stories до reels до carousel објави. Иако фотографиите повторно се важни, од Instagram јасно даваат до знаење дека видеата се here to stay.