+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

CaSys во елитното друштво openFinance Advisory Group & Board на Berlin Group

Како независен процесор, сертифициран од страна на MasterCard и Visa и како компанија која се стреми кон практикување на меѓународно прифатените стандарди за работа, следење на светските трендови во индустирјата, иновативна понуда на пазарот и обезбедување висок степен на безбедност и оперативна доверливост за клиентите,  логичен чекор е придружувањето на КаСис кон openFinance Advisory Group & Board на Berlin Group.

„Оваа иницијатива има значајна улога во усвојувањето на отвореното банкарство во ЕУ и ние сме возбудени што ќе станеме дел од оваа советодавна група. Почестени сме за  укажаната можност да го споделуваме нашето знаење од областа на плаќањата со платежни картички и други електронски канали и советодавно да им помогнеме на бизнисите да се прилагодат кон развојот на нови технолошки решенија.  Бесценето е да се биде во круг со истомисленици каде што можеме да го споделиме нашето искуство, знаење и вредни сознанија за демократизирање на отвореното банкарство и придобивките што ги носи, како и за ИТ технологиите кои го овозможуваат напредокот на индустријата.“ – вели Филомена Пљаковска-Аспровска, претседател на Управниот одбор и извршен директор на КаСис АД Скопје.

Berlin Group е паневропска иницијатива чија цел е воспоставување на Single Payment Area преку имплементација на стандарди за интероперабилност на плаќањата и дефинирање отворени и заеднички стандарди независни од шеми и процесори. Berlin Group треба да го поддржи развојот на интегриран, иновативен и конкурентен ЕУ retail пазар со ефикасни плаќања во евра.

Post a comment