Брендовите стануваат креативни со тоа што се реални

article cover

Замислете Snapchat без филтри и “суровоста” на Twitter споени во едно. Сега, додајте временско ограничување од две минути на една објава дозволена дневно – тоа е BeReal.

Како функционира апликацијата BeReal: Корисниците имаат две минути да сликнат фотографија на предната и на задната страна во моментот кога ќе добијат нотификација која ги потсетува дека треба да објават, а фотографиите објавени по истекнување на двеминутната рамка се означени како „posted late“, што се прикажува кај другите корисници.

Како функционира BeReal

BeReal вртоглаво порасна оваа година, достигнувајќи 3,3 милиони преземања на глобално ниво во првиот квартал од оваа година, што е скок од 390% во однос на четвртиот квартал од 2021 година, според data.ai. Во моментов е на првото место за бесплатни апликации во App Store на Apple.

BeReal се стреми кон тоа да се оддалечи од “influencer” трендовите и не дозволува рекламирање, но некои брендови станаа креативни, особено со објавите во реално време.

  • Chipotle објави промотивни кодови за бесплатни предјадења (кои ги снемало за 30 минути првиот ден, а следните денови ги снемало веднаш) на своите тогашни 2.000 пријатели на апликацијата, иако бројот на нивните следбеници на BeReal е релативно мал во споредба со нивните 1,1 милион следбеници на Instagram и 1,7 милиони следбеници на TikTok.
Chipotle BeReal promo
Промотивен код на Chipotle за бесплатно предјадење достапен само на оваа апликација
  • Trident, PacSun и Love Island, меѓу другите брендови, го зголемија трендот на објавување фотографии во стилот на BeReal на Twitter

Зошто расте популарноста на оваа апликација?

  • Временското ограничување од две минути на апликацијата е слично на форматите што ги користеле другите популарни апликации. „Креативното ограничување е од суштинско значење – сетете се дека на Twitter имате ограничување од 140 знаци по твит, или Vine со Loop од 6 секунди – а тајмерот за одбројување од две минути на BeReal инспирираше слична генијалност“, според Platformer.
  • Нејзината популарност меѓу студентите и младите луѓе веројатно е резултат на интересот на GenZ за автентичноста и реалноста на социјалните медиуми.

Иако брендовите не можат да имаат формално присуство на апликацијата преку реклами, „објавувањето behind-the-scenes фотографии од состаноци, снимања или секојдневниот канцелариски живот може да им помогне на клиентите да го гледаат брендот во поинакво светло“, според Амбер Колман, бизнис менаџер во луксузната агенција за дигитален маркетинг Verb Brands.

Преземено од: MarketingBrew