fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Биди дел од #5 Learn-a-thon “Growth Hacking & KPI Driven Marketing”

Сакате да дознаете како може да поставите маркетинг активност која од почеток до крај ќе биде измерена колкав и каков ефект има? Петтиот дводневен едукативен learn-a-thon тренинг насловен “Growth Hacking & KPI Driven Marketing” ќе ви прикаже лесни и практични начини и примери како да ги поставите и измерите вашите дигитални маркетинг кампањи и реклами.

Во првиот ден од обуката ќе имате можност да се запознаете со терминот “growth hacking”, стратегиите за “growth hacking” и иднината на “growth hacking”. Во вториот ден од тренингот ќе се запознаете со т.н. performance based marketing, дефинирањето на маркетинг цели, основните индикатори на мерливост, улогата на Google Analytics, како и со практични примери и студии на случај.

Време и датум:
Тренингот ќе се одржи во соработка со дигиталната маректинг агенција NewMediaMК и едукативниот центар Seavus Educational and Development Center (SEDC), онлајн преку апликацијата ZOOM, на 09.02. (вторник) и 10.02. ( среда) со почеток од 12:00 до 16:00 часот (и двата денови).

Предавачи:
– Дарко Булдиоски, Дарко Булдиоски е основач на NewMediaMK – креативна агенција со фокус на дигитални комуникации и програмски директор на AllWeb конференциите
– Игор Димковски, специјалист за дигитален маркетинг во Seavus

Можете да се пријавите на овој линк.

*Бројот на места е ограничен.
*Пријавувањето на оваа обука важи до 05.02.2021.
*Сите апликанти кои ќе бидат примени бесплатно да учествуваат на оваа обука, ќе бидат известени најдоцна до 08.02.2021.
*Обуката ќе се реализира како дел од иницијативата “Ecommerce4All”, која е со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

 

Post a comment