Во рамки на проектот „Agri E-commerce“ кој го спроведува Асоцијацијата за е-трговија на Македонијa, 15 македонски агро-производители бесплатно ги усовршија своите дигитални вештини и ќе ги пласираат нивните производи на македонските платформи за интернет купување.
Проектот започна во август 2021 и се состои од три фази:
1.Избор на агро-произодители преку отворен јавен повик
Преку јавен повик, 15 Македонски агро производители добија можност бесплатно да ги усовршат нивните дигитални вештини, но и да научат како соодветно да ги пласираат своите производи на домашните веб платформи за е-трговија.

Јавниот повик беше отворен за сите агро производители кои сакаат да ги пласираат своите производи на најпознатите домашни веб платформи за е-трговија, се регистрирани согласно законите во РСМ и ги исполнуваат условите објавени на јавниот повик. По аплицирањето на јавниот повик, следеше евалуацијата на апликациите од страна на комисија составена од експерти во областа.
2. Четири обуки за развој и усовршување на дигиталните вештини поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг
Во рамки на проектот, агро-производителите поминаа низ четири различни обуки, меѓу кои учење на можностите и регулативите во е-трговијата, практични примери и совети поврзани со маркетинг на социјалните медиуми, запознавање со алатките за дигитален маркетинг за е-трговија и запознавање со условите за онлајн продажба.

3. Презентирање на производите на агро-производителите пред е-трговците, поврзување со нив и пласирање на агро-производите на најпознатите домашни веб платформи за е-трговија
Во декември 2021 домашните агро-производители кои беа избрани во рамки на Јавниот повик, ги претставија своите производи пред претставници од најголемите платформи за е-трговија во нашата земја.

Претставници од најголемите веб платформи за е-продажба во земјата кои продаваат агро-производи се дел од следните компании: paket.mk, shop.dobrazemja.mk, mitra.mk, domato.mk, grouper.mk, kliknijadi.mk, urma.mk, bavca.mk, domasno.mk, marketonline.mk, ramstore.com.mk, granapdoma.mk. Наскоро, агро-производите ќе можат да се пронајдат на некои од наведените македонски е-продавници.
Запознајте сè со агро-производителите преку ова видео изготвено од страна на АЕТМ:
“Agri E-commerce” е поддржан од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)