АПЛИЦИРАЈ

…. но пред да започнеш да ја пополнуваш апликацијата, прочитај ги сите дополнителни информации подоле

1. Основни информации

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, на 24.09.2021 година, во рамки на проектот „Agri e-commerce” објавува јавен повик за поддршка на локалните агро-производители и поддршка за пласирање на нивните производи на домашните веб платформи за е-трговија.

Проектот „Agri e-commerce”, кој е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) има за цел да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-трговија за продажба на локално одгледувани агро производи (свежи или преработени) од една страна и да им помогне на локалните земјоделски производители да ги продаваат своите производи преку Интернет, од друга страна, преку едуцирање на агро-производителите за зголемување на нивните дигитални вештини, поврзување и олеснување на соработката помеѓу двете страни.

 

2. Цел

Целта на јавниот повик е поддршка на локалните агро производители кои сакаат да ги пласираат своите производи надвор од својата локална околина и сакаат да започнат со нивна продажба со помош на е-трговијата.

Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се вклучува во напорите за подигнување на свеста за бенефитите од е-трговијата и зголемување на понудата за е-трговијата во нашата земја. Исто така, нашата цел е да мотивираме повеќе агро производители да ги зголемат своите дигитални вештини и да ја искористат е-трговијата како дополнителен продажен канал на своите производи, кој ќе им овозможи да ја зголемат својата продажба и дигитално присуство.

 

3. Кој може да учествува

Јавниот повик е отворен за сите агро-производители кои сакаат да ги пласираат своите производи на домашните веб платформи за е-трговија. Категории на производи од потсекторите овошје и зеленчук кои се сметаат за прифатливи во рамки на овој јавен повик се:

  • Свежо овошје и зеленчук
  • Конзервирано/ преработено овошје и зеленчук
  • Мешунки и зрна 
  • Засладувачи 
  • Маслинки
  • Намази и сосови
  • Природни сокови
  • Џемови и мармалади
  • Путер од јаткасти плодови
  • Зачини
  • Јаткасти плодови и сушено овошје
  • Вино и други алкохолни пијалоци од грозје
  • Безалкохолни пијалоци, ликери, сирупи

 

4. Како да се пријавите и рок за аплицирање

За да се пријавите треба комплетно да ја пополните онлајн апликацијата тука, најдоцна до 20.10.2021 до 23:59 часот. По завршување на рокот, комисија од експерти во областа ќе ги разгледува апликациите и по однапред утврдени критериуми ќе овзможи 15 агро-производители да добијат поддршка за развој на нивните дигитални вештини и можност за пласман на своите производи на локалните веб платформи за е-трговија.

 

5. Буџет/ Трошоци

Целосниот износ на средствата потребни за обуки за унапредување на дигиталните вештини на агро-производителите, како и средствата потребни за организација за поврзување на агро-производителите со локалните веб платформи го обезбедува АЕТМ преку иницијативата „Agri e-commerce”, кој е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ). Апликантите нема да сносат никакви директни трошоци во рамки на овој проект.

 

6. Критериуми за пријавување на апликантите

Апликантот треба да има најмалку едно вработено лице и треба да исполнува еден од следните критериуми за подобност:

  • да биде правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република С. Македонија, во согласност со Законот за трговски друштва или
  • да биде физичко лице производител на прехрамбени производи или оператор од мал обем согласно Законот за безбедност на храна 
  • да биде запишан во единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

7. Очекувано учество од апликантите

Одбраните апликанти треба активно да ја следат академијата за развој на дигиталните вештини во времетрање од еден месец (часовите ќе се одвиваат еднаш неделно во времетрање од 4 часови), како и активно да ги следи насоките на тимот на АЕТМ за презентација на своите производи пред локалните веб платформи за е-трговија и процесот за поврзување со локалните е-трговци.

8. Критериуми за евалуација

  • Комплетност при пополнување на апликацијата
  • Правен статус на апликантот (дали е регистриран правен субјект/ физичко лице производител на прехрамбени производи или индивидуален земјоделец)
  • Број на вработени лица  (да има минимум едно вработено лице)
  • Претходно/тековно искуство со онлајн продажба
  • Атрактивност на бизнисот и можности да се продаваат агро-производите online
  • Организациски капацитет (технички и човечки капацитети)
  • Искуство во маркетинг и промоција 
  • Претходно искуство во трговија 
  • План за раст и развој на онлајн продажбите
  • Бизнис основан или управуван од жена
  • Бизнис основан или управуван од лице до 29 години.

 

9. Избор и евалуација

Евалуацијата на апликациите ќе ја прави комисија составена од експерти од областа на е-трговијата, агро-производството и претставник од ИМЕ

Апликантите чии апликации ќе бидат финално избрани ќе бидат јавно објавени на веб страницата на АЕТМ и ќе бидат контактирани на приложените е-меил адреси.

10. Рок на започнување со учество во проектот 

Рокот за започнување со учество во проектот е веднаш по потпишувањето на договор за учество со АЕТМ преку кој учесникот ќе се обврзе за следење на бесплатните обуки за развој на дигиталните вештини и презентација на своите производи пред локалните веб платформи.

11. Времетраење на поддршката

Времетраењето на проектот за кој се доделува поддршка преку овој јавен повик може да биде до завршување на проектот „Agri e-commerce” – до февруари 2022 година.

АПЛИЦИРАЈ

Среќно!