На 29-30 април во Софија, во соседна Бугарија ќе се оддржи Balkan eCommerce Summit 2025, еден од водечките настани за е-трговија и дигитален маркетинг во Балканот, ќе ги обедини индустриските експерти, претприемачи и лидери за два дена исполнети со динамични дискусии, најнови трендови и извонредни можности за вмрежување.
Со над 160 компании од областа на е-трговијата, маркетингот, платежните решенија, SaaS, логистиката и многу повеќе, самитот ќе биде центар за градење стратешки партнерства и откривање на иновациите што ја обликуваат дигиталната трговија.
Кои се трендовите во е-трговијата и дигиталниот маркетинг што ќе ги слушнеме во Софија?
- AI & Дигитална трансформација: Следната голема промена
- Раст и стратегија во е-трговијата: Ширењето над границите
- Маркетинг & Брендирање: Унапредете ја вашата стратегија
- Плаќања & Логистика: ‘Рбетот на е-трговијата
- Регулативи & Законска усогласеност: Останете чекор понапред
- Технологија & Мобилни иновации: Иднината на купувањето
Првиот ден веќе е исполнет со сесии на говорници кои ќе споделат трансформативни стратегии, реални студии на случај и перспективи за иднината на е-трговијата. Подгответе се за интензивен прв ден исполнет со стратегии, партнерства и практични решенија!
Вториот ден ќе донесе светски познати експерти кои лично ќе ви помогнат да ги унапредите вашите онлајн бизнис стратегии.
Вмрежувањето е во сржта на Balkan eCommerce Summit 2025, каде учесниците ќе имаат можност да се поврзат со водечките умови во индустријата. Специјално развиена мобилна апликација ќе овозможи лесно договарање состаноци, правејќи го networking-от поефикасен од кога било досега!
Дознајте повеќе за настанот и резервирајте го вашето место на : balkanecommerce.com