7 заклучоци од масовниот интернет сообраќај за празничната сезона во 2020

Е-трговците знаеја дека празничната сезона во 2020 година нема да биде како било која друга. Заедно со тоа, се појавија многу прашања на ова поле.

Дали купувачите би започнале порано со нивното празнично купување? Дали значајните шопинг настани како Black Friday сепак се уште ќе го предводат патот?

Queue-it следеле над 1,57 милијарди посетители кај 95 е-трговци низ целиот свет од 1 ноември до 21 декември 2020 година за да помогнат да разбереме што можат да не научат податоците за празничната сезона во 2020 година.

Ова го направиле на начин така што на е-трговците им овозможиле виртуелна чекална со цел да им помогнат да го контролираат зголемениот интензитет на метеж на е-продавниците и апликациите. Иако посетителите ја гледаат виртуелната чекална само кога веб сајтот или апликацијата е оптоварена од интернет сообраќај, Queue-it има увид во сите барања кои се креираат при сообраќајот додека виртуелната чекална функционира.

Еве што ни открива увидот во врска со интернет сообраќајот за празничната сезона во 2020 година:

1. Е-сообраќајот пораснал за 207% во однос на 2019

Во 2019, виртуелната чекална избројала 294,6 милиони посети од средата пред Black Friday до крајот на годината (27 ноември – 30 декември 2019 година). Во 2020, виртуелната чекална избројала 896,2 милиони посети од средата пред Black Friday (25 ноември 2020 година) до 21 декември.

Овие податоци потврдуваат преголем притисок за онлајн продажба во 2020 година. Растот на продажбата на е-трговија постојано се движел околу 15% од година во година. Но, само во првиот квартал од 2020 година, извештај од МcKinsey покажал 10-годишен раст на пенетрацијата на е-трговијата во САД.

2. Најголема побарувачка имало за електронски производи, а потоа производи од категориите на здравје и убавина

Кога интернет сообраќајот се разгледува по категории, трговците кои што продаваат електроника резултирале како најуспешни. Сообраќајот на трговците кои што продаваат електроника достигнал 477,5 милиони во текот на празничната сезона во 2020 година, што претставува 30% од целиот интернет сообраќај во текот на празничниот период. Трговците кои продааат електроника биле особено популарни за време на Black Week (понеделникот пред Black Friday се до Cyber Monday), кога оствариле 36% од вкупниот интернет сообраќај.

Категоријата здравје и убавина се најде на второто место, со 400,7 милиони посетители, или 25% од вкупниот интернет сообраќај. Масовните трговци и стоковните куќи се трети најпопуларни, со 294,6 милиони посетители, што претставува 18% од целиот интернет сообраќај за време на празничната сезона во 2020.

ChartDescription automatically generated

Според анализата на Retail Dive на податоците за трговијата во САД, сегментот облека и додатоци е особено тешко погоден оваа година, за 20% полошо во продажбата од година во година.

3. Сообраќајот од Black Friday започнал една недела порано

Јасна стратегија за е-трговија во 2020 година беше да се започне со продажбата што е можно порано. Можеше да се забележи дека водечки трговци како Walmart, Target, Home Depot, Best Buy и Amazon започнаа со зделки неколку недели пред Black Friday.

Според истражувањето на McKinsey во ноември 2020 година, ова им одговарало на е-купувачите. 33% од испитаниците изјавиле дека планираат да купуваат порано од минатата година, додека само 7% планираат да купуваат подоцна.

Ова е релевантно и во глобалните податоци.

Chart, bar chart Description automatically generated

Почнувајќи од 19 ноември, дневните посети преку интернет се зголемиле повеќе од двојно од просечно 22 милиони посети на 49 милиони за време на Black Week.

„Сообраќајот за онлајн шопинг го достигнува својот врв порано и трае подолго“, вели ко-основачот на Queue-it и главен директор за комуникации Камила Леј Валентин. „Минатата година скратениот календар на сезоната на празници изврши притисок да се продолжи шопинг сезоната. Во 2020 година, притисокот поврзан со пандемијата кон е-трговија ги забрза овие трендови.“

Покрај тоа, некои трговци во САД ги затвориле своите физички продавници на Thanksgiving, оставајќи им еден избор на купувачите, да купуваат преку Интернет.

4. Black Friday се претвори во Black Week

Оваа година видовме дека трговците се оддалечуваат од терминологијата „Black Friday“, и наместо тоа прифаќаат термини како „Black Weekend“ и „Black Week“ (дури и „Black November“) за да ја истакнат подолготрајната продажба.

Вкупно, виртуелна чекална на Queue-it проследила 403,4 милиони посети за време на Black Week во 2020, што претставува зголемување од 105% во однос на 2019 година. Во 2020 година, сообраќајот остана импресивно зголемен во целина на Black Friday, со пораст на побарувачката на самиот Black Friday.

Chart Description automatically generated

5. Black Friday останува како најпопуларен ден за онлајн купување

Со 76,4 милиони посетители, самиот Black Friday остана да важи како ден со најмногу компримиран пораст на интернет сообраќајот. Сообраќајот на Black Friday претставува 19% од вкупно 403,4 милиони посети во текот на 8-дневниот период на Black Week.

Ова се поклопува со податоците од истражувањето во ноември 2020 година од МcKinsey кои велат дека 56% од глобалните испитаници планирале да купуваат на Black Friday, избраниот најпопуларен период за онлајн купување.

6. Се чини дека раните зделки не ги намалија подоцнежните посети

Влегувајќи во сезоната на празници во 2020 година, беше нејасно дали несигурната финансиска состојба на потрошувачите и настојувањето на продавачите да започнат со продажба порано ќе доведат до огромно опаѓање на сообраќајот преку интернет по Black Friday.

Додека податоците на Queue-it покажуваат рано придвижување кон Black Week, тие исто така покажуваат дека нема ненадејно напуштање на онлајн купувањето по завршувањето на оваа недела.

Chart, histogram Description automatically generated

Купувачите по Black Week ги посетија e-трговците во приближно слични количини како и пред Black Week. Во периодот од 10 дена што претходеше на Black Week (13 – 22 ноември 2020 година), во просек имало 33,3 милиони посетители на ден.

Во периодот од 10 дена по Black Week (од 1 до 7 декември 2020 година) имало просечно 31,3 милиони посетители на ден, околу 6% помалку од претходно.

7. Што значи сето ова за е-трговците?

Еве како би сумирале што сигнализираат сите овие податоци за е-трговците:

  • Раст од 207% во сообраќајот при онлајн купување во текот на 2019 година покажува вид на многу брзо придвижување кон е-трговија што го видовме низ оваа година.
  • Како што предвидуваа истражувањата во индустријата, купувачите се собраа на онлајн продавниците на почетокот на 2020 година, водејќи огромен сообраќај кон e-продавниците седум дена пред Black Friday. Е-трговците ќе мораат да се справат со сообраќајот за онлајн купување што почнува порано и трае подолго.
  • Купувачите гласно бараа производи од категориите за електроника и здравје и убавина во 2020 година.

Извор: Retail Dive