3 стратегии за опстанок и раст на бизнисите на е-трговците за време на рецесија

Додека голем дел од фокусот во изминатите неколку месеци се однесуваше на деловните активности кои се прилагодуваат на работење на далечина, не се одрекува дека влијаат и дигиталните брендови.

Многу компании за е-трговија доживеале значителни нарушувања во нивниот синџир на снабдување или се соочиле со опаѓање на продажбата во нивните категории на производи, бидејќи потрошувачите се фокусираат на она што им е есенцијално.

Влијанието на овој пад најверојатно ќе се чувствува долго време, а компаниите за е-трговија ќе продолжат да се соочуваат со нови промени што може да послужат како можности за масовен раст или да станат потенцијална пречка. Но, со спроведување на овие неколку клучни стратегии, можете да го намалите ризикот и да продолжите успешно да функционирате.

1. Создадете силен бренд изграден врз солидна маркетинг стратегија

Силен бренд е основата врз која се гради сè друго. Компаниите кои продолжуваат да напредуваат добро за време на рецесија се оние кои успеале ефикасно да истакнат што ги прави подобри од нивните конкуренти. Тие имаат силен, лесно препознатлив идентитет што помага во формирање на емотивна врска со клиентите.

Додека одредени аспекти на пораките кои ги испраќа вашиот бренд може да се променат за да ги одразуваат тековните настани, основниот идентитет на вашата компанија за е-трговија не треба да отстапува од вообичаеното. Сè уште треба да покажете како вашите производи се подобри од вашите конкуренти – без разлика дали разликувате по цената, квалитетот на производот или нешто сосема друго.

Како што пишува Венди Кулпепер за Customer Think, „За време и по настан кој се карактеризира со рецесија, важноста и целта на вашиот бренд ќе влезат во емоциите на потрошувачот и ќе ви дадат можност да ја грабнете или задржите лојалноста на брендот. Осигурете се дека вашите пораки, придобивки и постапки ја рефлектираат целта на вашиот бренд за да се собере целосната вредност на потрошувачите во време кога нивните емоции ќе бидат зголемени и ќе имаат трајно влијание врз нивното однесување и брендовите што ги избираат за долгорочен период. ”

Подобрете ги вашите напори за брендирање со оптимизација, маркетинг со содржини и e-mail маркетинг. Овие дигитални алатки се многу ефикасни за истакнување на вредностите на вашиот бренд и достигнување до вашите клиенти.

2. Најдете нови начини да им дадете вредност на вашите клиенти

Многу клиенти во моментов се помалку подготвени да прават набавки отколку вообичаено. Глобална истражувачка студија од McKinsey открила дека 70% од клиентите се очекува да ги приспособат своите финансиски навики за четири месеци или повеќе – неколку недели откако многу области почнаа да ги укинуваат ограничувањата за останување дома.

Додека овие специфични промени имаат поголемо влијание врз трговците на мало со физички продавници, целокупната потрошувачка има тенденција да опаѓа за време на кој било период на неизвесност. За да го компензираат ова, е-трговците мораат да најдат нови начини да им обезбедат поголема непосредна вредност на своите клиенти.

За време на периоди со ниски приходи, всушност може да ви биде подобро да понудите специјални продажби или попусти на производи. Можеби ќе размислите да се откажете од наплаќањето за испорака или со секое купување ќе додадете некој бонус, бесплатен производ со што ќе му олесните на еден клиент за време на купувањето.

За најефективни резултати, брендовите за е-трговија треба да ги таргетираат своите веќе постојни клиенти. Честопати цитираната студија на Harvard Business Review открива дека здобивањето со нови клиенти чини пет пати повеќе отколку да се задржат постојните клиенти, и тоа е особено важно да се има предвид за време на вакви неизвесни времиња.

3. Намалување на трошоци за управување и зајакнување на маргините

Може да биде примамливо да се изврши експанзија кога времињата се добри, но  е-трговиците секогаш треба да внимаваат на иднината. Постојаното одржување на вашето работење ќе ја подготви вашата компанија за да преживее кога ќе се појават пролонгирани финансиски неуспеси.

Наоѓањето начини за намалување на фиксни трошоци и трошоци за управување е клучно за долгорочен опстанок. На пример, многу брендови за е-трговија го користат drop-shipping методот за функционирање, така што тие не треба да трошат средства на магацин за складирање.

Екстернализација (outsourcing) на одредени задачи исто така може да ги намали вашите трошоци за управување. За маркетингот и финансиите честопати се задолжени надворешни агенции или фриленсери. Месечната цена за услугите на рекламната агенција веројатно ќе биде многу помала од цената за ангажирање на неколку вработени со полно работно време. За задачи за кои не е потребен целосен работен обем, фриленсерите може да понудат услуги по потреба, наместо да станува збор за постојан фиксен трошок.

Ефективното намалување на трошоците за управување значи дека нема да мора да продадете што повеќе производи за да остварите профит. Или можете да ги намалите цените за да ја зголемите вашата конкурентска предност. Дури и ако продажбата забави, можете да одржите позитивни маргини. Како и да е, со ваков потег, осигурајте се дека тоа не ја намалува вашата способност да обезбедите квалитетни производи на вашите клиенти.

Не може да се предвиди какви нови предизвици и можности може да им донесе иднината на компаниите за е-трговија. Иако можеби нема да можете да ја предвидите секоја промена што доаѓа, можете да го намалите ризикот од неочекуваноста со преземање на овие клучни чекори однапред за да ги насочите секојдневниот процес на работа и да го зајакнете вашиот бренд.

Извор: Entrepreneur