Новости од е-трговија

3 начини да бидеш дел од “Favorites” feed-от на твоите следбеници

Truth be told: сите секогаш бараме начини да добиеме поголема видливост на нашите објави на Instagram. И со воведувањето на „Favorites“ feed-от на Instagram, корисниците сега можат да си состават свој feed со профили кои ги сакаат.

Од тука произлегува прашањето: како можете да си обезбедите место на ексклузивната листа на омилени профили на вашите следбеници?

Подолу споделуваме три начини за подобрување на вашите шанси да бидете дел од оваа листа:

Што е Instagram “Favorites” feed?

“Favorites” feed-от на Instagram е хронолошки feed со објави од одредени селектирани профили.

instagram-favorites-feed

Со овој конкретен feed, корисниците можат сами да одберат до 50 профили – како нивни омилени чија содржина ја сметаат за најдобра. Со други зборови, овој feed ја става контролата во рацете на корисниците.

instagram-favorites-feed

И најдобриот дел? Според Instagram, објавите кои доаѓаат од профили кои се дел од нечив “Favorites” feed ќе се појавуваат повисоко во почетниот feed на корисниците (означени со ѕвездичка).

instagram-favorites-feed

Ова е од огромно значење за брендовите и креаторите, бидејќи значи дополнително зголемување на видливоста. И како што знаеме, зголемување на видливоста = зголемен ангажман и раст на платформата. 🤝

Дали можеме да видиме кој не додава во нивната “Favorites” листа?

Краткиот одговор е: не.

Слично како close friends, никој не може да види кој е додаден на “Favorites” списокот. Единственото лице кое знае кој е дел од оваа листа е самиот корисник кој ја создал.

З начини како да бидете дел од нечив “Favorites” feed

Сега, кога знаеме дека овој feed на содржината која се објавува и дава дополнителен поттик за видливост, еве три начини како да станете дел од нечив “favorites” feed:

  • Креирајте конзистентна, квалитетна содржина
  • Вклучете CTA
  • Побарајте од вашите следбениците да ве додадат во овој feed

#1: Креирајте конзистентна, квалитетна содржина

Consistency is key!

И не може да се негира моќта на конзистентноста на Instagram. Креирањето на квалитетна содржина (редовно!), гради доверба и ќе ги натера следбениците природно да сакаат да бидат во тек со вашиот профил.

Instagram feed aesthetic examples

#2: Вклучете call-to-action (CTA) за да бидете додадени во нивниот “Favorites” feed

За да ги зголемите вашите шанси да бидете додадени во нечив “Favorites” feed, јасниот call-to-action (CTA) во вашата содржина може да направи голема разлика.

Може да биде нешто едноставно како додавање на call-to-action во вашиот опис на сликата, текст што ќе оди врз вашето видео или фотографија, или комбинација од двете, за да ги поттикнете корисниците да ве додадат во нивниот feed.

За да ги направите CTA уште поефикасни, известете ги вашите следбеници што ќе добијат со тоа што ќе ве додадат во нивниот feed.

Тоа може да биде: „Додајте го нашиот профил во вашиот “Favorites” feed за никогаш да не ги пропуштите претстојните промоции или изданија!“

#3: Побарајте од вашите следбениците да ве додадат во овој feed

Понекогаш, сè што треба да направите е да прашате.

Иако овој пристап може да звучи супер очигледен, барањето од вашите следбеници да ве додадат во нивниот feed со омилени профили е најлесниот (и најсигурниот!) начин да ги видите резултатите.

Без разлика дали го поставувате прашањето преку Stories на Инстаграм, објава или Reel – користете ја вашата содржина за да разговарате директно со луѓето!