Ако редовно работите со креатори, добра идеја е да можете да ги проверувате состојбите на вашите партнерства. Рекламиран како веб-сајт за статистика, Social Blade ви овозможува да имате предвид во аналитиката и трендовите за раст низ повеќе канали како што се Instagram, YouTube, TikTok и други.
Само напишете го името на профилот, изберете ја платформата од drop-down менито и имате достапни многу вредни аналитики.

Ова е најлесниот начин на кој можете да видите како вашите партнерства навистина перформираат.
Бесплатна алатка #6: Adobe Express
Целата Adobe програма е полна од супер алатки но Adobe Express (поранешно Spark) може да ви помогне да ја одведете вашата содржина до сосема ново ниво.
Дури и ако воопшто немате искуство со графички дизајн, можете да го искористите за да креирате одлични кратки видеа, дизајни, логоа и друго.

Бесплатната верзија на оваа алатка има многу features кои можат да ви бидат корисни за вашиот бизнис.
Бесплатна алатка #7: InShot
InShot е најголемиот MVP кога станува збор за мобилни апликации за обработка на видеа.
Најдобро позната за своите customizable features, можете да употребувате различни филтери, стикери, текстови и музика, како и едноставно да ги сечете или убрзувате вашите видеа
InShot е исто така супер апликација за зачувување на вашата содржина во различни димензии, за различни социјални медиуми.
Бесплатна алатка #8: Campaign URL Builder на Google
Ако често правите партнерства со брендови или креатори на социјалните медиуми, креирањето на UTM линкови за следење на прогресот со помош на Google знае да биде многу корисно. (UTM значи Urchin Tracking Module)
За ова најлесно да го направите можете да ја употребите алатката на Google наречена Campaign URL Builder.

Кога ќе го креирате вашиот UTM линк, истиот можете да го споделите со било кој од вашите маркетинг партнери и на едноставен начин да следите колку traffic тие генерираат за вас.
Бесплатна алатка #9: Unsplash
Unsplash е едно од најдобрите места каде можете да пронајдете одлични, бесплатни фотографии кои можете да ги користите за вашиот бизнис.

Со над 3 милиони фотографии достапни за преземање, имате голем избор за да го најдете точно она што ви треба.
Бесплатна алатка #10: VideoLeap
Реалноста е дека видео мемињата се најчестото нешто што станува viral. Погледнете го ова едноставно video meme кое има достигнато повеќе од 100.000 прегледи:
View this post on Instagram
Користејќи ја мобилната апликација за обработка на видеа, VideoLeap, можете да сечете, комбинирате и да ставате различни слоеви на видеа за да ја трансформирате вашата креативност во интересни мемиња:
Опремена со многу различни опции за креирање на видеао – од филтери до едитирање на звук, VideoLeap може да ви послужи за креирање на професионални видеа кои ќе и направат level-up на вашата содржина.
Бесплатна алатка #11: Adobe Lightroom CC
Со Adobe Lightroom има безброј начини за да ги обработувате вашите фотографии, без разлика дали сами ќе изберете како ќе ги обработувате или ќе искористите постоечки опции за обработка од самата апликација.
Оваа апликација е бесплатна за употреба само на смартфони, додека PC верзијата има 7 дневен free trial.
Бесплатна алатка #12: Canva
Иако на сите ни е веќе добро позната, Canva го заслужува своето место на оваа листа бидејќи е gamechanger кој со својот едноставен drag-and-drop editor и бесплатни темплејти ви дава едноставно корисничко искуство за креирање на супер дизајни.

И тоа е тоа!
Сега кога имате бројни алатки за поедноставно управување со социјалните медиуми, вашата содржина може да биде next-level.
Експериментирајте со некои од овие алатки за управување со социјалните медиуми и видете како тие го олеснуваат создавањето и планирањето на вашата содржина. At the end of the day, сите овие алатки се бесплатни така што нема што да изгубите!
Post a comment