10 бесплатни онлајн продавници во поддршка на Mastercard

Со цел зголемување на свеста за бројните придобивки од е-трговијата, како и нејзината зголемена употреба во нашата земја, нашиот член Grouper.mk во соработка со Mastercard има нова кампања со која ги охрабрува компаниите да отворат нов канал за продажба на нивните производи со тоа што нудат можност за бесплатнo користење на новата marketplace платформа PaoPao.mk за микро, малите и средни бизниси кои сакаат да пристапат кон соработка во текот на следните 30 дена.

PaoPao.mk e нова маркетплејс платформа, развиена од страна на Grouper,  која започна со работа од почетокот на месец март оваа година. Преку отворање на своја онлајн продавница во склоп на платформата, секој бизнис може на лесен и економичен начин за краток временски период да се приклучи кон моментално најголемиот и технички најподготвен е-marketplace. За таа цел сите трговци кои сакаат да ги продаваат своите производи онлајн, во текот на месец мај и јуни имаат можност да ја поднесат својата апликација и да добијат едeн од 10те бесплатни пакети за отворање на онлајн продавница во склоп на PaoPao.mk или некои од останатите 20 гратис услуги и маркетинг подобрувања при соработката

Апликациите се отворени заклучно со 24ти јуни, а повеќе информации за условите, бесплатните пакети и како да аплицирате за онлајн продавница видете на овој линк.

Paopao.mk е вистинскиот начин како брзо и лесно секоja компанија може да има своја онлајн продавница и дополнителен канал на продажба во склоп на најголемиот онлајн пазар во земјава, без разлика во која индустрија работи, каков тип на производ продава, дали веќе има развиен веб-сајт или пак само офлајн продажно место.

Кои се придобивките од PaoPao.mk?

  • Можноста во најкратко време и со минимум ресурси секоја компанија да има сопствена онлајн продавница
  • Нема потреба од програмирање и дополнителни трошоци. Компаниите само ги додаваат своите продукти и се подготвени за продажба!
  • Лесна навигација и можност за следење на нарачки во секое време
  • Корисничка и техничка поддршка во секое време
  • Поврзан систем за достава на нарачки
  • Moжност за плаќање со картица и при достава
  • Пристап до Grouper маркетинг платформата со цел користење голем број маркетинг алатки и совети за промоција на своите продукт