Се одржа Дигиталното Собрание во Софија

На 25 и 26 јуни, се одржа Дигиталното Собание во Софија, во организација на Европската комисија и Министерството за транспорт, информатички технологии и комуникации на Бугарија. На Собранието се претстави дигиталната агенда за земјите од Западен Балкан, а на агендата се најдоа и теми како: cyber security, free movement of data, data economy, digital single market, non-personal data, digital economy, GDPR и останати политики поврзани со дигитализација.

Се претстави Дигиталната Агенда за земјите од Западен Балкан, а на панелот “Digital Agenda for the Western Balkans” учествуваа министри од Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Марија Габриел, комесарот за дигитална економија и општество на Европската Комисија.

Габриел истакна: Дигиталното по дефиниција е без граници, проширувајќи ги регионите и континентите. Денешното Дигитално Собрание ќе го види лансирањето на Дигиталната Агенда за Западен Балкан, следејќи ја јасната заложба изразена од страна на претставниците на ЕУ за поддршка на ваков процес, потпишана во Софија на 17-ти мај. Целта на настанот е да обезбеди граѓаните од регионот на Западен Балкан целосно да ги искористат придобивките од брза и неизбежна дигитална трансформација. Заложбата за Дигиталната Агенда ќе обезбеди граѓаните да имаат вештини за да ги задоволат барањата на новата економија и ќе помогнат во модернизацијата на јавните администрации, јакнење на сајбер безбедноста, зголемување на поврзаноста и подобрување на бизнис-климата.“

Дигиталната Агенда има за цел да ја поддржи транзицијата во дигитално општество на регионот и да ги истакне бенефитите од дигитална трансформација, како побрз економски раст, повеќе работни места и подобри услуги. Министрите на 6-те партнери од Западен Балкан се обврзаа да инвестираат во широкопојасно поврзување, зголемување на интернет безбедноста и довербата во дигиталната индустрија, зајакнување на дигиталната економија и дигиталното општество и поддржување и поттикнување на истражувања и иновации.

Министерот Манчевски се заблагодари што Европската комисија ги става Балканските земји високо на агендата и го заврши своето излагање со предлог за формирање на регионална академија за сајбер безбедност која што би била заедничка и од корист за сите Балкански земји. Секако предлогот е Скопје да е домаќин на ваквата академија.