Ефективни маркетинг стратегии за е-трговија кои мора да ги имплементирате денес!


Дали штотуку сте ја креирале вашата продавница за е-трговија и се прашувате каде се вашите купувачи? Со денешниот високо конкурентен и постојано растечки пазар за е-трговија, навистина е важно да го поставите вашиот бренд помеѓу вашата целна публика на правиот начин.

Но како? Како продавач, важно е да се разбере дека не постои еден начин да се направи тоа. Мора да следите разни стратегии за да бидете сигурни дека вашиот бренд може да се издвои од вашите конкуренти. Па така, ќе ви наведеме разни методи кои може да ги адаптирате со цел да го подобрите позиционирањето на вашиот бренд за е-трговија во дигиталниот свет кои би довеле до зголемување на продажбата и подобрување на односите со клиентите.

  1. Оптимизација на вашиот веб сајт

  • UI & UX ( User interface и user experience )

Овој детал никогаш нема да биде доволно нагласен поради тоа што е клучен параметар при започнување на било каква маркетинг стратегија. Со оглед на тоа што вашиот веб-сајт е она што го остава првиот впечаток од вашиот бренд, приоритет е да изгледа привлечно. Избраните комбинации на бои мора да бидат суптилни. ( За полесно генерирање на комбинации погледнете го https://coolors.co/ ).

Осигурајте се дека корисникот лесно може да се движи кон производот што го сака. Протокот и движењето низ веб-сајтот мора да биде поедноставен се до моментот каде што клиентот лесно може да се движи од една страна на друга, без никакви пречки.

Вашата веб-страница ќе има многу страници што се должи на различните производи. Затоа, морате да бидете сигурни дека редовно ги ажурирате страниците на производите и осигурајте се дека секој линк работи како што треба. Покрај тоа, сортирајте ги производите во релевантни категории и подкатегории.

  • Едноставна checkout процедура

Checkout процесот е нешто што повеќето бизниси го игнорираат. Комплициран checkout процес е она што најчесто предизвикува напуштање на кошничката. Затоа, осигурајте го непречениот процес од кога купувачот ќе додаде производ во кошничката до кога ќе го изврши купувањето на истиот.

Ако е неопходно за корисникот да се регистрира пред да направите било каква набавка, осигурајте се дека тој ќе се регистрира порано. Ако го поставите CTA (call to action) за регистрирање кога корисникот ќе ја достигне фазата на checkout тоа несомнено ќе доведе до напуштање на количката.

2. Рекламирање на вашата содржина

Во денешното дигитално време, рекламирањето на содржината на вашиот веб сајт има потенцијал да привлече голем број на корисници. Со обезбедување на оригинална содржина, вие континуирано давате информации кои може да се навистина корисни за нив.

Под рекламирање на вашата содржина се подразбира процесот на креирање и промовирање на истата во форма на блогови, слики, инфографици, видеа, gifs итн..

Речиси 84% од millenials ( луѓе родени помеѓу 1980 и 2000) не веруваат во традиционалните реклами. Содржината е она што ги носи нивните одлуки. Затоа, луѓето бараат оригинална содржина и очекуваат брендовите да креираат повеќе работи со неа.

Можете да започнете со давање совети, how-to видеа за вашите производи, па дури и методи за користење во секојдневниот живот. На пример, ако вашиот бренд е за облека, можете да направите содржина за тоа како вашите производи може да се комбинираат, како може да се креираат изгледи создадени со едно парче облека, соодветни облеки за различни прилики и сл. Исто така, ако вашата продавница е за домашно уредување, можете да креирате содржина околу сите новопроизведени производи, како да користите различни апарати па и демонстрирање на функциите на истите.

Според принципот на Парето, 80% од содржината мора да биде информативна, а само 20% промотивна. Само тогаш корисникот ќе почувствува потреба да разбере повеќе за вашиот производ.

3. Е-mail маркетинг

Е-mail маркетингот е уште еден начин да го задржите вашиот корисник во контакт со вашиот бренд. Тоа е супер ефективна маркетиншка стратегија, бидејќи таа сè уште влијае на потрошувачите и ги убедува да се вратат во вашата продавница.

Па така, создавање на автоматски сет на и-мејлови е добра идеја да ги информирате клиентите за вашиот бренд во текот на вашето развивање.

За почеток, важно е да се соберат e-mail адреси од вашите корисници. Очигледно е дека веќе ќе имате е-мејл адреси на вашите купувачи кои веќе купиле нешто, но за корисниците кои се во потрага по производот кој сакаат да го купат, важно е да се соберат и нивните e-mail aдреси.

Одличен начин за собирање на е-мејл адреси е со pop-up за регистрација при кој можете да понудите одреден попуст.

Вклучете опција за регистрирање на крајот од вашите блог објави. На овој начин, ако корисникот е заинтересиран ќе се регистрира без никаков притисок.

Можете да праќате е-пошта на разни случаи, на пример:
– Испратете го поздравниот e-mail кога корисникот ќе се регистрира
– Потсетник кога ќе остават производ во нивната листа на желби
– Потсетник кога ќе остават производи во количка
– Нови објави на вашиот блог и производи преку месечни newsletters
– Секој пат кога ќе има нова понуда на вашиот веб сајт
– Понуди и идеи за време на празник и празнична сезона

4. Маркетинг на социјалните мрежи

До сега, социјалните медиуми се најсилната постоечка платформа за секој бизнис. Ако сакате да ги информирате луѓето за вашиот бренд, тогаш социјалните мрежи се нешто што мора да го истражите. Социјалните мрежи како Facebook, Instagram, Pinterest и Youtube се одличен метод за да се поврзете директно со вашата целна публика. Тие ви обезбедуваат платформа за да комуницирате со вашите купувачи и исто така стекнете богат увид за тоа што може да ви помогне да направите подобрувања на вашите производи / маркетинг.

  • Што да објавувате на социјалните мрежи?

Вашата стратегија за социјални медиуми мора да биде во синхронизација со вашата стратрегија  Содржината што ја објавувате исто така треба да биде 80% информативна и 20% промотивна.

Исто така, комуницирајте со вашите купувачи преку социјалните мрежи. Најдете време да одговорите на какви било коментари и прашања лично, па дури и да одговорите на приватните пораки што ги добивате. Тоа помага да се воспостави доверба дека вашиот бренд навистина се грижи за своите купувачи.

Еве неколку идеи за тоа што да ги објавите на социјалните медиуми:

– Блог постови
– Слики од нови производи
– Видео содржина како совети и трикови за користење на производите, how-to видеа, итн.
– Анкети за секој нов производ
– Giveaways за посебни прилики

Ова се само неколку стратегии кои би можеле навистина да придонесат за зголемување на продажбата на вашите производи. Продолжете да експериментирате и истражувате за да го создадете совршениот микс од стратегии кој одговара на вашиот бренд.