Иако до неодамна изгледаше невозможно, денес е реалност! Отворена е првата онлајн продавница каде купувачите имаат можност производите да ги купат на рати.
Разговаравме со Радојка Димитријеска – раководител на оддел за финансии во ФД СН Финансии, Стефан Талевски – извршен директор во Вебиарт и Стефан Јончески – главен оперативен директор во Вебиарт, основачите на првата македонска онлајн продавница во која можете да купувате на рати.
АЕТМ: Како произлезе идејата за да се направи еден ваков сајт и што е Купи на рати?
Радојка Димитријеска: Брзото секојдневие кое сите го живееме ни налага сите обврски да ги завршиме на што побрз и поефективен начин. Самото разгледување по продавници како и аплицирањето во банка бара време но е и исцрпувачко, како и немањето доволно финансиски средства за да се купат повеќе работи одеднаш. Токму тоа е целта на Купи на Рати. Олеснување на секојдневието, со пазарување од дома, брзо и лесно. Купи на рати е онлајн платформа која продава производи и услуги на рати.
АЕТМ: Што нуди оваа платформа?
Стефан Јончески: Платформата нуди над 1.000 различни производи и услуги како бела техника, компјутери, мобилни телефони, мебел, козметички и заболекарски услуги, туристички аранжмани, од различни добавувачи којшто ги пласираат на овај интернет сајт.
АЕТМ: Што е она што платформата Купи на рати ја прави уникатна?
Радојка Димитријеска: Купи на рати е првата онлајн продавница каде што можете да купите производи и услуги на рати. Да ти даде некој кредит – значи да ти даде некој доверба, да верува во тебе. Некои работи во животот се преголем залак за да ги имате наеднаш, затоа раздели па плати.
АЕТМ: Дали можете накратко да ни ја објасните постапката за нарачка на сајтот?
Стефан Талевски: Клиентот си го избира производот или услугата која што сака да ја купи на рати, потоа преминува на страната каде што се прикажани месечните рати и ја одбира ратата која што може да ја плаќа во месецот. Откако ќе се изврши нарачката, нам ни пристига апликација и го контактираме потрошувачот за потрврдување и испорачување на посакуваниот производ до оставената адреса.
АЕТМ: Кои се условите за едно лице да може да нарача?
Радојка Димитријеска: Единствен услов за нарачка е клиентот да е во редовен работен однос.
АЕТМ: Кои се бенефитите што би ги имале потрошувачите?
Стефан Јончески: Светот оди напред, онлајн продавниците веќе стануваат секојдневие. Со самото тоа што можете да пазарувате од било каде, првиот бенефит е заштеда на времето и на финансиските средства на нашите клиенти, како и брзо и лесно добивање на посакуваните производи. Исто така и се подобрува куповната моќ на потрошувачите. Тоа е и мотото на оваа платформа: Купи си раат, купи си на рати!
АЕТМ: Кои се плановите на “Купи на Рати” во иднина?
Стефан Талевски: Како прва он-лајн платформа за купување производи и услуги на рати на прво место го ставаме клиентот и неговите потреби. Купи на Рати во иднина цели на подобрување на услугите и односот со клиентите, проширување на спектарот на 10.000 производи, доближување на целиот процес на аплицирање и отплата до сите граѓани, како и проширување на пазарот низ целата територија на државата. Се надеваме и на соработка со повеќе компании и добавувачи кои се заинтересирани да ги пласираат нивните производи на нашата платформа и истите ги охрабруваме да не контактираат.
Post a comment