Отсега на Instagram најгоре на својот профил можеш да ги „закачиш“ твоите омилени објави!
Во кратко видео оваа недела, шефот на Instagram Адам Мосери сподели дека овој update ќе биде достапен до сите корисници.
„Вашиот профил е ваш простор, затоа бараме повеќе начини да ви дадеме контрола над тоа искуство“.
Каков е концептот на новиот update?
Овој концепт не е сосема нов – тој често се употребува на други апликации како Twitter и TikTok.
Сепак, можноста за „закачување“ на вашите објави на вашиот профил на Instagram ќе го промени начинот на кој ја користиме платформата.
You like it? You pin it 📌
You can now choose up to three posts or Reels to pin to the top of your profile. pic.twitter.com/9waQkueckG
— Instagram (@instagram) June 7, 2022
Со grid pinning (закачување на вашите објави) ќе можете да истакнете специфични објави од вашиот профил, без разлика дали тоа е брендирано партнерство, ваш нов производ, популарен Reel или објава која објаснува повеќе за вас и вашиот бренд / вашата работа.
Како се употребува оваа нова опција?
Со оглед на тоа што опцијата е веќе достапна кај сите корисници на Instagram, можете да ја употребите на брз начин.
Едноставно отворете ја објавата која што сакате да ја „закачите“ и кликнете на трите точки од десна страна:
Ќе ви се појави мени со листа на опции како “Archive” и “Edit” . Кликнете на “Pin to your profile”:
Easy as that! Објавата ќе се појави на врвот на вашиот профил со мала иконка во нејзиниот горен десен агол:
Во овој момент, дозволено е да „закачите“ три објави одеднаш. Ако сакате да тргнете некоја од објавите кои ви се закачени, кликнете на трите мали точки на објавата и изберете “Unpin from your profile”.
You like it? You pin it!