Новости од е-трговија

Вештачката интелигенција во Е-трговијата: Kако оваа брзорастечка технологија ќе го промени оналјн купувањето

Кога станува збор за е-трговијата и користењето на вештачката интелегенција, можеме да кажеме дека алатките за учење и алгоритмите кои ја формираат основата на оваа индустрија, се токму тоа што може да придонесе во раазвој на истата. Вештачката интелигенција може да помогне на денешните е-трговци да обезбедат оптимизирано корисничко искуство на нивните веб-страници, користејќи собрани бизнис и кориснички податоци за донесување подобри деловни одлуки и точни предвидувања за иднината. Затоа во прилог издвојуваме неколку начинит на кои вештачката интелигенција и поврзаните технологии ја движат напред е-трговијата, од подобрување на интеракциите со клиентите до рационализација на бизнис процесите.

Напредокот на технологијата и е-трговијта

Од дигиталната трансформација и софтверот како услуга до виртуелната реалност и вештачката интелигенција, технологијата постојано ги поместува границите на тоа што е-трговијата може да постигне. Со напредувањето на технологиите, секој ден има нешто ново што се натпреварува за вниманието на онлајн трговците, но и на клиентите. Никогаш нема да ви недостасува нова и различна можност за проба — вистинскиот предизвик е да ги препознаете најдобрите можности за вашиот бизнис.

Вештачката интелигенција ја носи промената во е-трговијата

Вештачката интелигенција не е само нова технологија која е имплементирана поради нејзиниот „кул“ фактор. Нејзината имплементација има потенцијал да влијае на бројни бизнис функции. За да разберете како ова може да влијае на вашиот бизнис, помага доколку имате разбирање за компонентите на вештачката интелигенција. Дефиницијата за вештачка интелигенција е широка, и опфаќа многу податоци за ископување, природно јазично обработување и машинско учење.

  • Податоци за ископување се однесува на собирање тековни, но и на минати податоци за да се предвидат одредени информации.
  • Природно јазично обработување се фокусира на интеракцијата меѓу човек и компјутер и на тоа како компјутерите го интерпретираат природниот човечки јазик.
  • Машинското учење се однесува на користење на алгоритми за примена на претходно искуство или за да се решаваат проблеми.

Во последните неколку години, технологијата на вештачка интелигенција созреа и стана моќен алат за зголемување на продажбите и оптимизирање на операциите. Дури и многу мали е-бизниси ги користат технологиите кои ги нуди вештачка интелигенција.

Придобивки од користење на вештачка интелигенција во е-трговијата

Амазон долго време ги препознава придобивките од вештачката интелигенција и сродните технологии. Ги користи машинското учење за подобрување на изборот на производи, корисничкото искуство и оптимизација на логистиката. Според објавата од McKinsey & Company и Retail Industry Leaders Association, се наведени седум императиви за преосмислување на малопродажбата во 2021 година, и секој од нив може да биде поддржан на некој начин од некоја технологија базирана на вештачка интелигенција.

1. Подобро насочен маркетинг и рекламирање. Персонализацијата е главен приоритет, според анкетираните трговци, но само 15% велат дека целосно ја имплементирале персонализацијата низ каналите. Истакнете се од конкуренцијата со персонализирана порака и водете индивидуални разговори со вашите клиенти.

2. Зголемено задржување на клиенти. Персонализираните маркетинг пораки можат да го зголемат задржувањето на клиентите. Истражувањата покажуваат дека постои потенцијал за зголемување на приходите и задржување на клиентите со стратегиите при персонализација.

3. Беспрекорна автоматизација. Целта на автоматизацијата е да се изврши задача со што е можно помала човечка интервенција. Вештачката интелигенција игра голема улога во автоматизирање на повторувачките задачи кои го одржуваат вашиот е-бизнис.

4. Ефикасен процес на продажба. Користењето на вештачка интелигенција може да помогне да се создаде поефикасен процес на продажба, собирајќи податоци за вашите клиенти, автоматизирање на следење за незавршени нарачки и слично.

Примена на вештачка интелигенција во е-трговијата

Има многу случаеви на користење на вештачка интелигенција во е-трговијата, а веројатно сте веќе запознаени со нив — можеби само не сте свесни дека технологијата што ја користите е поврзана со вештачка интелигенција. Еве шест од најчестите:

  1. Персонализирани препораки на производи.
  2. Оптимизација на цените.
  3. Подобрена корисничка услуга.
  4. Сегментација на корисници.
  5. Паметна логистика.
  6. Прогноза на продажба и побарувачка.

Како да ја имплементирате вештачката интелигенција во е-трговијата?

Секогаш е возбудливо да се влезе во нови, возбудливи технологии. Но, потребно е да имате стратегија пред да започнете со имплементацијата на нова програма, за да не изгубите време и пари на погрешни почетоци.

  1. Создадете стратегија.
  2. Најдете специфични случаеви на употреба кои се релевантни за вкупната корпоративна стратегија.
  3. Користете експертиза од трети страни.
  4. Изградете решение на високо ниво.

Благодарејќи на вештачката интелегенција, денес постојат технологии кои го подобруваат корисничкото искуство, ја зголемуваат стапката на конверзија и помагаат во рационализирање на начинот на кој се води бизнисот.

Ако сакате да обезбедите најдобро можно искуство за купување на вашата е-продавница, истражете ги разните придобивки од вештачката интелигенција и машинското учење. Тие можат да ви помогнат подобро да ги искористите податоците за вашите клиенти и самиот бизнис, а се со цел да поставите план кој ќе вроди со плод во иднина.

Извор: www.bigcommerce.com

Поврзани содржини