Твитер навлегува во светот на е-трговијата со Live Shopping

Твитер ја откри својата Live Shopping програма која ќе им овозможи на корисниците да купуваат директно преку апликацијата од веб-сајтовите на е-трговците во понеделникот преку блог пост, со што ќе стане најновиот гигант од социјалните медиуми кој се впушта во светот на е-трговија со live-streaming шопинг.

Twitter ќе влезе во атрактивниот свет на е-трговијата со својата Live Shopping програма
Twitter ќе влезе во атрактивниот свет на е-трговијата со својата Live Shopping програма

КЛУЧНИ ФАКТИ

  • Домаќин на првиот Live Shopping пренос на Твитер ќе биде Твитер профилот на Walmart и ќе биде 30-минутно шоу чиј фокус ќе биде електрониката, домашните производи, облеката, сезонските декорации, а ќе има и специјални гости и многу повеќе, додека водител ќе биде пејачот Џејсон Деруло.
  • Корисниците на Твитер ќе можат да купуваат преку „Shop Tab“ на преносот во живо, додека на горниот дел од екранот ќе има „Shoppable Banner“ кој ќе трепка и ќе покажува кои производи се прикажуваат во моментот.
  • Твитер за прв пат ги објави своите планови за навлегување во е-трговијата во март и почна да ги пилотира “shoppable” профилите на Твитер во јули.

Твитер им се придружува на Мета,ТикТок и Јутјуб во напорите да го донесат истиот успех на live-streaming на глобално ниво (како што во моментов е популарно во Кина) во САД. Live stream купувањето им дозволува на трговците да продаваат на голема публика, рекреирајќи го успехот на телевизиските канали за шопинг, само по многу пониска цена. CEO на Coresight Research, Дебора Веинсвиг вели за Bloomberg дека ова е навистина голема шанса. Coresight проектира дека САД во моментов претставува само 1% од live e-commerce пазарот, иако американските компании се стремат да го достигнат истиот успех што оваа индустрија го имала во Кина. 

Околу две третини од кинеските купувачи купувале преку live streaming минатата година и купиле продукти вредни 7.5 милијарди долари за време на 30 минутен шопинг период на Taobao Live, онлајн шопинг маркетплејс.

Live е-трговијата имала удел од 171 милијарда долари во продажбата на Кина минатата година, според McKinsey

10% до 20%. До 2026 година, според проценките на McKinsey, толку проценти од целата онлајн продажба би можела да дојде преку live streaming шопинг.

Извор: Forbes