Во последните неколку месеци пред нашите очи се расплете невидена промена. Нашите идеи за еден свет оформен со помош на сигурност се разнишааа, како и идеите за стабилен бизнис и се што следи со него. Хаосот е неверојатна можност, можност да размислиме за тоа што му треба на светот и што можеме да понудиме.
Претприемачот Иан Кан вели дека лекциите што ги научил оваа година биле груби и незаборавни. Тој го набљудувал и напредокот што некои организации успеале да го постигнат. Ова се неговите препораки за тоа кои се новите правила на игра и како можете да се разликувате бидејќи пост-пандемскиот маркетплејс продолжува да се развива.
1. Истражете нови начини за ангажирање на вашата публика
Нашиот свет трајно го смени начинот на кој комуницираме едни со други. Купување, размислување и планирање – бизниси, организации и потрошувачи – сето ова е подложно на промени. Доказите сугерираат дека видеото ќе се практикува како медиум за ангажман на купувачите повеќе од кога било досега, вклучително и на каналите за социјални медиуми како Фејсбук, Твитер, Инстаграм и на платформи како YouTube, па дури и на веб-страниците на бизнисите.
Без разлика дали сте мала правна фирма во Нешвил или место кое нуди храна за носење во Јужна Калифорнија, видео ангажманот драматично го менува начинот на кој вашата публика ги перцепира вашите услуги и се асоцира со вас. Започнете со стратегија со која ќе идентификувате каде базата на потрошувачи троши максимално време. Ако сте consumer-facing бизнис, тоа е веројатно Инстаграм или Фејсбук. Ако сте адвокатска фирма, можеби LinkedIn и Twitter. Второ, започнете да создавате видео за овие платформи со пораки фокусирани на она што го нудите и како тоа може да ги реши проблемите на клиентите.
2. Станете организација за учење
Денес, постојат многу опции да научите нешто бесплатно. Ова вклучува платформи како што се Coursera и OpenLearning. Организациите за учење ќе успеат бидејќи подобро ќе ги разберат на потребите на клиентите и исто така, ќе можат да користат и распоредуваат алатки и стратегии кои даваат подобри резултати. Никогаш не било подобро време да научиме нешто ново од сега.
3. Стремете се кон совршено извршување на работите
Идеите и плановите доживуваат плод само кога се извршуваат до совршенство. Извршувањето може да се случи на многу нивоа, од менаџирањето и лидерството до моментот каде се служат вистинските клиенти. За еден пица ресторан, извршувањето може да значи испечена пица до совршенство секој пат.
Приказната за Domino’s е инспиративна, бидејќи тие станаа успешни како резултат на извршување на нивната цел на време. Domino’s ветува испорака на пица во рок од 30 минути до вашата локација. Во случај пицата да не стигне на време, таа ви следува бесплатно. Погодете што? Domino’s го исполнува своето ветување и денес е една од најуспешните компании во светот.
Пост-пандемиската ера ќе ни пружи многу можности да ги напишеме правилата од ново. Некои стратегии кои функционирале во минатото повеќе нема да бидат доволни за да ги придвижат приходите. Претприемачите ќе треба да создадат стратегии кои функционираат во склоп на нивните индивидуални потреби и уникатни клиенти. Не постои сè што одговара на сите, а тоа воедно претставува можност да креирате простор и можност за вашиот бизнис да напредува.
Ангажирање, учење и совршено извршување на работите се трите најдобри препораки кон кои треба да се стремите во пост-пандемиската ера, без оглед во кој бизнис се наоѓа вашата организација и која индустрија ја опслужувате. Овие три вештини ќе го подобрат вашиот бизнис, ќе создадат посилна организација и ќе го позиционираат вашиот бизнис кон успехот.
Извор: Entrepreneur