Новости од е-трговија

Топ 10 најбрзо растечки и опаѓачки категории во е-трговијата во овој период

Е-трговијата претрпува драстична промена поради владините препораки за останување дома и привремено затворање на некои од бизнисите. Не само што потрошувачите купуваат сѐ повеќе преку интернет, туку и нивното однесување при онлајн шопингот значително се менува. Иако е јасно дека за време на моменталната пандемија со корона вирус, потрошувачите купуваат изобилство од тоалетна хартија, конзервирана храна и други предмети за домаќинството,  тие го опремуваат својот дом и со безброј останати производи. 

Ја разгледуваме анализата за продажбата во е-трговија направена од Stackline за март 2019 и 2020. Еве што можеме да заклучиме:

  • Побарувачката за производи за фитнес за дома значително расте поради затварањето на студијата за вежбање. Токму поради ова, продажбата на спортски торбици и многу категории поврзани со надворешни спортови опаѓа.
  • Многу компании имаат имплементирано работа од дома, што води кон пораст на побарувачката за монитори, тастатури, глувчиња и канцелариски столчиња со цел создавање на привремена домашна канцеларија.
  • Повеќето патувања се одложени или откажани, што предизвикува опаѓање во категориите со багаж, чанти и камери. Поради откажување на многу пролетни одмори, пад претрпеа и категориите како сандали и костуми за капење.
  • Категориите за формална облека како свадбената исто така претрпуваат опаѓање, бидејќи многу парови се принудени да ги откажат или одложат своите свадби.

Десетте најбрзо растечки категории се:

  1. Ракавици за една употреба +670%
  2. Апарати за правење леб +652%
  3. Лекови за настинка +535%
  4. Супи +397%
  5. Oриз и останати житарки +386%
  6. Конзервирана храна +377%
  7. Спакувано овошје +326%
  8. Тегови за вежбање +307%
  9. Млеко +279%
  10. Средства за миење на садови +275%

Десетте најбрзо опаѓачки категории се:

  1. Багаж -77%
  2. Чанти -77%
  3. Камери -64%
  4. Машки костими за капење -64%
  5. Невестинска облека -63%
  6. Машка формална облека -62%
  7. Женски костими за капење -59%
  8. Облека за спортови на отворено -59%
  9. Чевли за спорт -59%
  10. Спортски торбици -59%

Погледнете го инфографикот и разгледајте ги статистичките податоци за првите сто најбрзо растечки и опаѓачки категории во е-трговијата.

 

Извор: Stackline