Кутиите со претходно подготвени намирници стануваат се повеќе популарни во Обединетото Кралство. Водени од влијанието на ковид-19 пандемијата и рестрикциите, се повеќе Британци се регистрирале за една или повеќе услуги за претплатни кутии.
Особено храната, пијалоците, кутиите полни со намирници за готвење одредени рецепти и производи за убавина го поттикнуваат растот на пазарот за претплатни кутии во Велика Британија. Поради рестрикциите, многу потрошувачи сакаат да имаат испорака на основни производи до нивниот дом.
Раст меѓу неколку видови на subscription boxes
Според Royal Mail, сѐ повеќе бизниси сега го препознаваат потенцијалот што го имаат овие кутии за опслужување на секојдневните и суштинските потреби на потрошувачите. И не се само кутии за храна или намирници чија побарувачка расте, има силен раст и кај предмети за лична нега и дотерување (како што се брич, сечила и додатоци за бричење), предмети поврзани со хигиена (како што се дезодоранси) и производи за домаќинство (како како детергент за перење).
Вредноста на пазарот за претплатни кутии на Велика Британија се предвидува да достигне околу 2,13 милијарди евра до 2025 година
Авторите на извештајот сметаат дека трендот на претплатнички услуги најверојатно ќе продолжи пост-пандемијата. „Поради промените во купувачкото однесување на потрошувачите и практичноста што ја обезбедуваат овие планови за претплата“. Севкупно, се очекува пазарот на претплатнички кутии во Обединетото Кралство да вреди 2,13 милијарди евра до 2025 година.
Повеќето услуги за претплатни кутии се откажани во рок од една година
Претходно овој месец, истражувањата покажаа дека само еден од педесет купувачи во Обединетото кралство ги задржуваат претплатничките услуги повеќе од една година. Просечниот потрошувач во Обединетото Кралство дури ги откажува своите претплати во рок од 5,3 месеци.
Извор: Ecommerce News