Со ChallengerДома, седете дома и добивајте купони за попусти и поддржете ги локалните бизниси!

Мобилната апликација ChallengerДома ги мотивира сите граѓани да останат дома и со тоа да го победат корона вирусот, a воедно апликацијата им помога на локалните бизниси да дојдат до нови клиенти. Апликацијата е целосно бесплатна за корисниците и за бизнисите и истата е достапна за iOS и Android.

Пандемијата постави предизвик пред нашиот тим и не поттикна да креираме мобилна апликација која ќе ги мотивира граѓаните да останат дома за време на вонредната ситуација. Апликацијата користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома. Исто така за секој час што ќе го поминете дома ќе добиете таканаречени Дома поени што можете да ги размените за купони за попуст во локални македонски бизниси.

Нашата идеја стана реалност благодарение на Фонд за Иновации и Технолошки Развој каде бевме наградени на конкурсот КРЕАТОН. Сакаме да нагласиме дека со ChallengerДома сите добиваме, односно корисниците добиваат попусти и поклони, додека компаниите добиваат нови клиенти, и така креираме заедница која меѓусебно се поддржува.

Горди сме што 70 македонски мали и големи компании се приклучија на ChallengerДома и ја препознаа нашата мисија, а за само четири дена броиме 2.000 корисници. Воедно се превземаа и првите 100 купони за попуст. Токму затоа ги повикуваме, како малите така и големите компании да ни се приклучат, бидејќи сите заедно можеме повеќе.

Интересен факт е дека моменталната состојба со Ковид-19 го предизвика тимот да ја приспособи нивната претходна мобилна апликација Challenger која ги мотивира и наградува луѓето кои пешачат или возат велосипед, со цел да се намалат CO2 емисиите во воздухот во државава. Апликацијата #ChallengerДома ќе биде во функција се додека трае пандемијата.