четврта конференција за е-трговија

Ретроспектива на најголемиот настан за е-трговија кој ја одбележа 2021 година

Скоро 500 учесници имаа можност да слушнат и научат повеќе од 28 искусни говорници од 10 земји од светот за дигитализацијата и дигиталната нација кои се неопходни за да се задржи растот на е-трговијата предизвикан од глобалната пандемија, за безбедноста и за иновативните е-плаќања, како и за „триаголникот” на довербата, технологијата и регулативата, за влијанието на COVID-19 врз е-трговијата во Македонија и во Европа, за регионални и глобални лекции и трендови во дигиталниот маркетинг, како и за улогата на жените во дигиталниот свет и во е-трговијата.

Погледнете како поминавме на 4тата годишна конференција за е-трговија, која се одржа во хибриден формат на 12.11.2021 година со тема “Ecommerce: Ready, Set, Grow!” преку aftermovie видеото во продолжение.