Recommerce пазарот е вреден 94 милијарди евра

Во 2022/23 година, европскиот пазар за повторна трговија бил проценет на 94 милијарди евра. Пазарниот удел, во споредба со вкупниот европски пазар за е-трговија, сега е 12,3%. Се очекува тој да се зголеми на 14% во следните три години.

Ретрговијата (или повторната е-трговија) е релативно нов поим кој вклучува препродажба на производи, поправка, реновирање, препроизводство, услуги за изнајмување и реконструкција. Онлајн пазарите како што е Vinted (на сликата погоре) се добри примери за пазари за C2C ретрговија.

Recommerce расте побрзо од целокупната малопродажба

Според истражувањето на Cross-Border Commerce Europe, се предвидува дека пазарот за ретрговија ќе порасне 5 пати побрзо од вкупниот малопродажен пазар до 2025 година. Претходните истражувања покажуваат дека пазарот на ретрговија вредел 75 милијарди евра во 2021 година.

Пазарната вредност на recommerce ќе се зголеми за 27% до 2025 година

Истражувачите веќе предвидуваат дека овој пазар ќе вреди 120 милијарди евра до 2025 година. Со моменталниот раст на пазарот, тоа е еден “to be expected”  moment. Тоа значи дека пазарната вредност ќе се зголеми за 27% во следните три години.

Репутацијата на second-hand купување се подобрува

Според истражувањето, 76% од онлајн купувачите сметаат дека е намалена стигмата околу second-hand купувањето. А според 41% од онлајн купувачите, овој начин на купување станал статусен симбол. Ова покажува дека имиџот на пазарот за ретрговија сè уште се подобрува.

Според истражувањето, за 69% од продавачите, парите направени со препродажба на производи им биле корисни за плаќање на своите сметки.

Најмалку 85% од купувачите кои биле дел од истражувањето купиле или продале користени производи минатата година. А 27% го направиле тоа за прв пат. За 69% од продавачите на пазарот за ретрговија, парите што ги заработиле им помогнале да ги платат сметките. А 39% рекле дека препродавањето им помогнало да врзат крај со крај.

Одржливост на ретрговијата

Многу потрошувачи се имаат свртено кон ретрговијата поради нејзиниот одржлив имиџ, но истражувачите велат дека има некои ограничувања за тоа. „Иако препродавањето е позитивен чекор, неговите придобивки би можеле да се ограничат ако купувачите одберат половна облека како додаток, а не наместо нова облека. Изнајмувањето може да биде поштетно за животната средина, првенствено поради транспортот вклучен во размената на заеднички производи.”

Извор: Ecommerce News