Директорот на Развојна банка на РСМ – Кире Наумов, заедно со премиерот на Владата на Република С. Македонија – Димитар Ковачевски и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти, во просториите на Владата на РСМ, одржаа прес-конференција на која ја промовираа новата кредитна линија.
Развојната банка на С. Македонија поведе иницијатива за воведување на оваа кредитна линија уште во текот на 2022 година. Следејќи ги потребите на компаниите, со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а врз основа на добиените анализи од студијата, во каталогот на свои производи ја воведе новата кредитна линија.
Кредитната линија ќе се реализира преку квалификувани банки-учеснички. Таа е креирана со цел да им овозможи на компаниите поволна кредитна поддршка при реализација на проекти за дигитализација и дигитална трансформација. За реализација, на располагање се ставени сопствени средства на Развојната банка.
Корисници на кредити од кредитната линија за дигитализација и дигитална трансформација преку банки-учеснички можат да бидат микро, мали и средни трговски друштва.Каматната стапка до крајните корисници е до 2,9%.
Компаниите ќе можат да аплицираат за максимум 300.000 евра за основни средства до 8 години, со вклучен грејс период до 12 месеци, и максимум 100.000 евра за обртни средства до 5 години, со вклучен грејс период до 6 месеци. Подетални информации за кредитната линија може да се добие на овој линк.
Развојната банка како и до сега, така и во иднина, континуирано ќе ги прилагодува своите производи во насока на поддршка на компаниите во новонастанатите услови на работење – истакна директорот Наумов.
Повеќе информации за кредитната линија.
Преземено од: Faktor