Новости од е-трговија

Онлајн пазари: продажбата во Европа ќе изнесува околу 120 милијарди евра

Со силниот раст на е-трговијата низ Европа, доаѓа и силен раст на онлајн пазарите, или т.н. marketplaces. Се проценува дека европските онлајн пазари вредат околу 120 до 150 милијарди евра. Но, секој онлајн пазар се разликува во зависност од земјата.

Дека пазарите сочинуваат голем дел од е-трговијата во Европа беше забележано порано, но со растот на самата е-трговија, пазарите забележаа силен раст и оваа година. Неодамна месецов, истражувањето на Inriver покажало дека речиси половина од сите онлајн пребарувања на производи во Обединетото Кралсво и Германија започнуваат на онлајн пазарите.

50% од онлајн купувачите користат онлајн пазари

Неодамнешниот извештај објавен од RetailX наведува дека низ Европа, 50% од онлајн купувачите користат пазари. Во Обединетото Кралство, дури 64% од купувачите прво пребаруваат на онлајн пазарите. Ова е голема промена од она што RetailX претходно го забележа: 57%. Една четвртина од целокупното онлајн купување во Велика Британија се случувало преку Амазон.

Е-трговијата во Европа – 396 милијарди евра во 2021 година

Вкупните приходи од е-трговијата во Европа се проценуваат на 396 милијарди евра во 2021 година. Со оглед на тоа што преку пазарите се одвива околу половина од онлајн продажбата, RetailX ја проценува вредноста на европските пазари од околу 120 до 150 милијарди евра. Ова е значителен раст во споредба со проценката од 100 милијарди евра во извештајот на RetailX од минатата година.

Состојба со онлајн пазарите во Европа

Додека онлајн пазарите стануваат се подоминантни низ Европа, извештајот покажува дека постојат значителни разлики по земја. Во Шпанија, на пазарот сè уште доминираат мешани пазари со различни производи од трговците на мало, како што се El Corte Inglés и Privalia.es. Најпознатите европски пазари се зголемиле во нивните домашни региони, при што холандскиот Bol.com достигнува 79 милиони посети месечно . Германскиот ОТТО ги зголемил приходите во 2020 година со 37% во споредба со нето-продажбите во 2019 година.

„Алегро сега е трет по големина пазар во Европа“.

Според извештајот, од април оваа година, полскиот пазар Алегро бил трет по големина пазар во Европа. Со 185 милиони посети месечно, сега е веднаш зад Amazon и eBay. Рускиот онлајн пазар Wildberries исто така расте, сега има околу 149 милиони посетители месечно. Ова го става на четврто место во Европа по посети.

Топ 5 најпопуларни пазари

Ова се петте најпопуларни пазари врз основа на тоа како се користени од страна на европските потрошувачи:

Амазон 86%
eBay 69%
Etsy 29%
Asos 28%
Wish 17%

Е-трговијата низ Европа

Германија и Обединетото Кралство имаат многу висок процент на онлајн пазари во споредба со обичните е-трговци. Сè поголем е процентот на трговци на мало кои се претвораат во онлајн пазари, водат пазари или кои сакаат да продаваат на пазари.

Чешка, Данска, Финска, Грција, Норвешка, Шведска и Словенија се сосема спротивно бидјеќи сите тие немаат изобилство на онлајн пазари. Поголемиот дел од онлајн-продажбите во тие земји доаѓаат од обични е-продавници.

присуство на АмазонВо извештајот се споменува дека Шпанија, Италија, Полска и до одреден степен Франција и Португалија имаат речиси 50% поделеност меѓу онлајн пазари и регуларни е-трговци. На овие пазари Амазон не е доминантен. Allegro и Wildberries ги таргетираат овие пазари, потенцијално пополнувајќи ја таа празнина на Amazon.

Извор: Ecommerce News